Дон Кихотите и Санчо Панчо на инфодемијата

0
931

Автор: Сефер Селими

Да се биде сведок на хистеријата на социјалните медиуми и меѓу џунглата на непотврдени, погрешни, и лажни информации открива друга вистина: ни недостасува критички пристап кон потрошувачката на информации и ова е резултат на сиромашната едукација на медиумите.

Според Индексот на едукација за медиуми, Северна Македонија е рангирана на последното место во Европа со само 12 поени од вкупно 100 и со разлика од 66 поени зад Финска на врвот. Едноставно кажано, меѓу другото, граѓанинот на Северна Македонија е последен во Европа кој може да направи разлика помеѓу лажна вест и вистинска вест, да идентификува веродостојни извори на информации и да може да ја провери веродостојноста на фактите. Ова нè прави не само подложни на кампањи за дезинформации, туку и лесна цел за нив.

Неодамна, со здружението „Демокраси лаб“, започнавме онлајн платформа MythBuster.mk која има за цел да се спротивстави на дезинформациите, особено оние поврзани со ширењето на пандемијата „Ковид-19“. Оваа задача нè смести пред бесконечен океан на лажни вести кои оживуваат, се трансформираат, обезличување, се отуѓуваат и се регенерираат во најчудното, најсмешно, апсурдно и често пати надвор од границите на здравата логика со тоа што се вметнуваат длабоко во имагинација.

На прв поглед, многу од овие натписи се комични и лесно можат да се презираат со тоа што ќе се игнорираат, без да им се обрнува внимание, но нашата заедничка трагедија е во тоа што многу луѓе, наши пријатели во реален и виртуелен живот, им веруваат. И дотука можеби постои толеранција да им се дозволи на сите да веруваат во својот внатрешен свет на сè што гледаат разумно и поблиску до својата вистина, но овие кампањи за дезинформација не се дизајнирани да останат во рамките на нашите индивидуални светови или дури во нашата најблиска област. Тие се дизајнирани да стимулираат конкретни реакции, чувства и дејства што можат да резултираат со вистинско оштетување на имотот, индивидуалното и колективното здравје, но исто така и на поткопување на одредени социјални и политички процеси.

Ако на вашите мрежи се појави лажна вест, особено на оние поврзани со глобални настани, знајте дека тоа не е едноставна креација креирана од обичен граѓанин, туку трансформација, отуѓување или мутација на вест изработена да’ служи за цел да се авансира одредена агенда.

Вести за антените 5G во Боговиње без нивно знаење се прошири кај граѓаните кои со право се грижат за нивното здравје, но заговорите околу нив се кренаа илјадници милји подалеку од Боговиње, на друг јазик и за други цели. Вестите за për mikroçipat në trupat e të infektuarave микрочипови на тела заразени од коронавирус шират паника кај читателите бидејќи авторот се исмеваше не само со читателите, туку и со онлајн порталите кои брзаа да ги шират вестите, користејќи ги имињата на нивните чипсови и зачини како имиња на универзитетски професори и експерти кои ја спроведоа студијата.

Друга вест која го “откриваше целта“ на ширењето на пандемијата и интересот на Бил Гејтс за откривање на вакцината предизвика стотици лажни вести кои предизвикуваа сомневања за филантропската работа и милијарди долари инвестирани од фондацијата Бил и Мелинда Гејтс за борба против оваа заразна болест во најсиромашните делови на планетата, каде вакцината прави разлика помеѓу животот и смртта на едно дете.

И, секако, изворот на овој заговор беше илјадници милји подалеку, во Фондацијата за стратешка култура во Москва, фондација основана и предводена од поранешен лидер на комунистичката партија од времето на Советскиот Сојуз.

Како и пандемијата, исто така и инфодемијата не знае за граници, раса, јазик или социјален статус. Може да се увезува од странство, но станува опасно само кога започнува локалното тарнсметирање и за жал тоа во моментов се случува кај нас. За локално да ги пренесуваме информациите, имаме илјадници Дон Кихоти со онлајн портали и страници на „Фејсбук“, кои без никакви новинарски стандарди или професионални критериуми, половина од нив се борат со мелници, додека другата половина победуваат на штета на стравот и паниката на граѓаните. На нив им помагаат и стотици шарлатани и палјачковци во улога на Санчо Панчо, кои со 5-минутно видео го силуваат не само здравиот разум, туку и илјадници часови поминати од научници, лекари и истражувачи кои со децении проучуваат епидемии.

SHARE
Previous articleРеформите во медиумскиот систем во нулта точка
Next articleЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ
Балкански институт за регионална соработка – BIRC е невладина и непартиска, целосно независна во своето работење, со седиште во Тетово. Организацијата е посветена на промоција и практикување на квалитетното новинарство и научните истражувања во остварување на своите цели за општество со демократските вредности, транспарентни институции, функционална демократија и за создавање на регион на соработка и просперитет. BIRC е составена од докажани експерти од сферата на новинарството и науката.