I. ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Балканскиот институт за регионална соработка БИРС е невладина и непартиска организација, целосно независна во своето функционирање, со седиште во Тетово.
Организацијата е посветена на промовирање и практикување на квалитетно новинарство и научно истражување во постигнувањето на своите цели за општество со демократски вредности, за транспарентни институции, за функционална демократија и за прогресивна и кооперативна држава и регион.
БИРС е составена од докажани експерти во областа на новинарството, медиумите и анализите од целиот Балкан и пошироко.
ВИЗИЈА
Визијата на БИРС е да изгради држава со функционална демократија, каде што на секој поединец ќе му се гарантира слобода на говор, движење, економска слобода и други политички слободи. Оваа визија подразбира општество со добро владеење, со транспарентни и отчетни институции, со слободни и плуралистички медиуми, со активно и консолидирано граѓанско општество и држава со бескомпромисно функционирање на владеењето на правото.
Целта на БИРС е создавање на чиста животна средина, на општество со висока еколошка свест и на држава базирана на зелени извори на енергија.
Целта на БИРС е да изгради заеднички прогресивни демократски вредности на регионално ниво, градејќи мостови на соработка помеѓу сите фактори што ги прифаќаат тие вредности.
Целта на БИРС е да изгради мостови на соработка помеѓу новинари, претставници од граѓанското општество, универзитетски професори и експерти во различни области на Балканот.
МИСИЈА
За реализација на својата визија, БИРС ќе биде посветена на промовирање и имплементација на парадигмата за квалитативно новинарство и за научно истражување во општествената и јавната сфера.
БИРС ќе го спроведува знаењето, искуството и најдобрите практики од сите столбови на нејзиното делување, како што се:
- Медиуми и квалитативно новинарство – ги вклучува сите видови активности поврзани со развојот на медиумите и новинарството. Во овој поглед, како алатки за остварување на визијата на организацијата, ќе се користат аналитичкото и конструктивното новинарство, мултимедијалните производи, обуката на млади новинари и други.
2.Истражувања и научни анализи – го промовира концептот на Think Tank како алатка за изнаоѓање решенија за различни општествени и институционални проблеми, преку длабински научни студии, истражувања и анализи.
3.Дијалог и доверба – мисијата на БИРС е да создаде широка рамка за соработка на национално и регионално ниво за да промовира отворен дијалог со сите организации и други општествени чинители посветени на демократските вредности.
- Регионална соработка – културното запознавање, промовирањето на меѓу-културниот дијалог, исто така, останува важна димензија во мисијата и целите на организацијата.
Eмаил: [email protected]
СТРАТЕГИЈА НА БИРС 2021 – 2025
Канцеларија во Македонија:
- Извршен директор:
Бардул Заими, уредник и писател
Емаил: [email protected]
- Програмски менаџер:
Лорик Идризи, дипломиран новинар
Eмаил: [email protected]
- Финанциски менаџер:
Лулзим Атули
Eмаил: [email protected]
Членови на бордот:
Линда Адеми, Активист за животна средина
E-маил: [email protected]
Сељадин Џезаири, искусен новинар од ББС
Е-маил: [email protected]
Катерина Топалова, искусна новинарка
Е-маил: [email protected]
Charlotte Stiévenard, новинарка истражувач и аналитичар (Грција)
Е-маил: [email protected]
Арбен Мука, новинар на Дојче Веле и универзитетски професор по новинарство ( Албанија)
Eмаил: [email protected]
Кристи Петрова, , новинарка истражувач и аналитичар (Бугарија)
Eмаил: [email protected]
Дражен Симич, новинар истражувач и аналитичар (Босна и Херцеговина)
Eмаил: [email protected]
Сергеј Жупанич, новинар истражувач и аналитичар (Хрватска)
Eмаил: [email protected]
Сербезе Хаџиај, новинарка истражувач и аналитичар (Косово)
Eмаил: [email protected]