ЗИГЗАГ: КОЈА Е УЛОГАТА НА НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА? (ВИДЕО)
Често пати се гледаат со недоверба, се сигматизираат или недоволно се разбираат. Често пати се етикетираат од страна на политиката оневозможувајќи ги нивните активности.
Но цивилното општество и граѓанскиот активизам се повеќе добива простор и влијание во јавната сфера.Често пати се гледаат со недоверба, се сигматизираат или недоволно се разбираат.
Граѓанскиот активизам останува еден од главните столбови на демократијата. Врз основа на службените податоци обезбени преку Законот за слободен пристап до информации, бројот на граѓанските здруженија во Македонија е во опаѓање. Од вкупно 12 илјади регистрирани организаци, само 3 илјади од нив се активни.
Според експертите од оваа област, во Македонија се уште нема консолидиран граѓански активизам, иако во последно време се приметува се поголемо присуство на млади кој се вклучуват во граѓански иницијативи на заедницата.
Која всушност е улогата на цивилното општество кај нас? Колку се слуша, колку и зашто се негира нејзиниот глас? Колку невладиниот сектор се гради врз граѓански принципи и колку тој се потпира на државата и политичките парти?
Лулзим Азири од АДИ вели дека граѓанскиот активизам често се поистоветува со политичките партии.
„Невладината сфера има проблем како да го активира граѓанинот и да го извлече од неговата комотност или од политичка зависност. Има многу граѓани кои се зависни од политички партии и не гледат ништо освен интересот на партијата“, вели тој.
Невладините организации се жалат за тешкотиите во нивното работење. Нивните активности не секогаш наоѓаат доволен простор во медиумите, но велат дека ги употребуваат сите можни ресурси за поголема видливост и сенсибилизирање на јавноста за каузите кои ги промовираат.
Метин Муареми е раководител на Центарот за едукација и развој (ЦЕД). Вели дека токму цивилното општество е она што создава предуслови за развој на општеството во сите сегменти, но дека тоа малку се перцепира од самите граѓани.
„Невозможно е да функсионира една држава без здраво цивилно општество, бидејќи истата служи како мост за поврзување на граѓанинот со разни институции. Втора компонента е дека цивилното општество има разни човечки капацитети, кои никнале како потреба за развој на општеството и не случајно актуелната влада ги отвори вратите за цивилното општество“, вели тој.
Во ова изданије на ЗИГЗАГ на Телевизија АРТ ЧАНЕЛ ќе зборуваме со Лулзим Азири и Џабир Дерала, и двајата представници на Организации кои направиле многу во однос на артикулацијата на гласот на граѓанинот на Република Македонија.
Проектот е поддржан од ЦИВИКА МОБИЛИТАС:
„Содржината на оваа истражувачка сторија е единствена одговорност на Балкански институ за регионална соработка (БИРС) и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат“.