ЗОШТО Е ВАЖНА СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ?
“Ако слободата на медиумите има некакво значење, тоа значи слобода за критикување и спротивставување“-George Orwell
Автор: Бардул Заими
Слободата на медиумите останува еден од главните столбови на демократијата. Денес е Светскиот ден на слободата на медиумите, што претставува еден вид моментум да се размислува за оваа вредност во просторот на политичка и демократска слобода.
Слободата на медиумите останува фундаментална вредност на слободниот демократски свет, сè што подразбира напредок, што подразбира непречено функционирање на медиумите, како простор во кој се креира идејата да се биде информиран и да се биде активен субјект во демократскиот живот.
Во никој случај не може да има функционална демократија ако медиумите не се слободни. Слободата на медиумите ја димензионира целата слика на институционалниот и социјалниот живот во просторот на јавниот живот и заедничкиот интерес. Медиумите се круцијални вектори во политичката, социјалната и културната динамика.
Тие создаваат политичка чувствителност и граѓанска одговорност во однос со владеењето, како квалитативна демократска меѓузависност во функција на човековото достоинство и благосостојба.
Во се повеќе дигитализиран свет, човекот се појавува како медиумско битие, како субјект кој перманентно прима информации.
Тој е субјект на овој медиумски простор и во исто време субјект на демократскиот живот. Добивањето квалитетни информации е клучна предиспозиција за добро информиран граѓанин, кој секогаш останува достоинствен субјект во демократскиот простор.
На овој начин, тој станува активна индивидуа, кој презема одговорност во политичките и социјалните процеси.
Медиумите се гласот и неопходниот простор на активниот и одговорен граѓанин на јавниот простор.
Медиумите се конструиран простор на постојана дебата, на слобода во политичка, демократска и културна смисла. Без оваа димензија, човечкиот свет е во опасност да биде изложен на ризик што доаѓа од моќта, од кршење на слободата, кршење на демократските вредности кои му даваат значење на човечкото суштество.
Медиумите се простор на слободата, јавниот интерес, на сето она што подразбира систем на вредности и демократско функционирање. Повеќе пати, овој простор на слобода беше загрозен од сенките на моќта, од разни идеологии, од сите оние недемократски сили кои бараат тивка послушност и тоталитарни сенки. Едно друг вид на загрозување врз оваа слобода сега доаѓа од дезинформации и лажни вести, кои претставуваат постојан ризик за квалитетните информации што треба да ги примат граѓаните.
Токму за време на пандемија, ваквите вести се присутни со невидена сила.
Дезинформации, лажни вести и разни други медиумски манипулации се обидуваат да ги поткопаат професионалните информации.
Оваа опасност, веќе на Светскиот ден на слободата на медиумите, доби одговор како заедничка изјава на министрите за надворешни работи на ЕУ. Во изјавата се потенцира важноста на слободните медиуми, особено во времето на вирусот корона.
Овогодинешното мото на Светскиот ден на слободата на медиумите е „Новинарство без страв и без привилегија“.
Независните медиуми се главен услов за функционална демократија. Не може да има слободно и прогресивно општество без независни медиуми. Квалитетот на демократијата зависи од квалитетот на информациите.
Професионалното и квалитативното новинарство се соочува со големи предизвици. Колку повеќе се зајакнува професионалното новинарство, толку повеќе демократија го добива постојаниот гардиан на неговите вредности.
Несомнено, веќе се соочуваме со витална и значајна интеракција помеѓу независните медиуми кои го култивираат и промовираат професионалното новинарство и граѓаните, како составен дел на демократските процеси.
Во време на бројни медиумски манипулации, концептот на медиумска писменост останува императив, главна предиспозиција да се создаде добар простор за информации и комуникација.
Тенденцијата да се поткопа квалитетот на информативниот простор мора нужно да најде итен одговор на промовирање и примена на медиумската писменост како клучна предиспозиција за декодирање на медиумските манипулации и за изградба на добра интеракција помеѓу независните медиуми и активните граѓани во јавниот живот.
Само со упорно насочување кон медиумска писменост, може да се создаде друга предиспозиција за квалитетни информации, со што ќе се избегне целиот тој обем на лажни вести и други дезинформации создадени од медиумската какофонија.
Денот на слободата на медиумите останува момент за рефлектирање токму кон овој императив, кој отсега мора да го најде својата улога во просторот на демократско и медиумско функционирање.
Медиумската писменост треба да биде осмислено и стручно и професионално дизајнирано, особено во моментот на сеприсутноста на информациите, во времето на поплавување на вести што се засновани на полувистини, на агенди и на разни заговори.