КАРАВАНОТ НА БИРС ЗАСТАНУВА ВО КАМЕЊАНЕ

0
297

НВО БИРС во рамките на проектот „Шар Планина – последната брана против природна непогода“ финансиран од Цивика Мобилитас, продолжи со караванот да ја подигне свеста за зачувување на природните ресурси. Следната дестинација беше селото Камјан, каде со локалните жители, претставници на граѓанското општество и граѓански активисти од оваа населба беше разгледана потребата од подигнување на свеста на жителите за зачувување на природата, извонредниот биодиверзитет на планината Шар.

Karavani i BIRC: bashkëbisedim me banorët e Kamjanit në vendin për piknik "Te dushku".Караван на БИРС: Разговор со жителите на Камењане на излетничкото место "Те душку".

Gepostet von BIRC am Sonntag, 30. August 2020

Токму во урнатините на депонијата, по сопствена иницијатива, на местото викано „Те душку“ нКамењане, веќе е изграден модерен рекреативен пункт, каде жителите го поминуваат слободното време со своите семејства. Пример за тоа како штетата на природата со посветеност може да се претвори во атрактивно место за планински туризам.

Токму во овој пункт невладината организација ЦЕД, пионерска организација на идејата да се прогласи планинар Шар за национален парк, ја организираше својата активност „Кино во движење“, каде преку видео-порака ја презентираше потребата за подигање на свеста неопходноста од прогласување на планината Шар за национален парк.

Метин Муареми од оваа организација истакна дека тие постојано биле посветени на идејата за национален парк, секогаш соработувајќи со локалните жители. Граѓанските активисти од ова село потенцираат дека од ден на ден се зголемува свеста кај луѓето за зачувување на природата и прогласување на националниот парк Планина Шар.

Karavani i BIRC, i mbështetur nga Civica Mobilitas, ndalon në vendin e quajtur "Te dushku" në Kamjan. Караванот на БИРС, проект подржан од Цивика мобилитас, застана на местото "Те душку" во Камењане.

Gepostet von BIRC am Sonntag, 30. August 2020

Експертот Бесник Реџепи ја истакна димензијата на планинскиот туризам, но и потребата од зачувување на уникатниот биодиверзитет на овој масив.

SHARE
Previous articleКАРАВАН ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ПРИРОДНОТО БОГАТСТВО НА ШАР ПЛАНИНА
Балкански институт за регионална соработка – BIRC е невладина и непартиска, целосно независна во своето работење, со седиште во Тетово. Организацијата е посветена на промоција и практикување на квалитетното новинарство и научните истражувања во остварување на своите цели за општество со демократските вредности, транспарентни институции, функционална демократија и за создавање на регион на соработка и просперитет. BIRC е составена од докажани експерти од сферата на новинарството и науката.