КАРАВАН ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ПРИРОДНОТО БОГАТСТВО НА ШАР ПЛАНИНА

0
276

Подигањето на свеста на локалните жители за зачувување на извонредното природно богатство на планината Шар беше во фокусот на првиот караван на НВО БИРЦ кој се реализира во рамките на проектот „Шар Планина – последната брана против природна непогода“, финансиран од Цивика Мобилитас.

Караванот застана во Општина Теарце и разговараше со локалното население за потребата од подигнување на свеста кај народот за зачувување на вонредниот биодиверзитет во масивот Шар Планина.

Експертот за животна средина Бесник Реџепи зборуваше за неисцрпливиот природен капацитет на планината Шар, притоа потенцирајќи дека декларацијата за национален парк останува извонредна можност за зачувување на специјални видови флора и фауна, но и за промовирање на планинскиот туризам како активност со бенефиции за жителите.

Претседателот на месната заедница на селото Доброште, Фаредин Исени, најави дека со текот на времето има многу поголема свесност за зачувување на природните ресурси, при што се бара многу поголема соработка со институциите.

Здружението „Sharri Bear“ направи извонредна работа за подигање на свеста за зачувување на Шара, особено фауната. Ирфан Селими најави дека секогаш се посветени на работа колку што е можно повеќе за да се подигне свеста за зачувување на природата и видови на фауна на планината Шар.

Караванот ќе продолжи и во други области за да се подигне свеста на жителите, но и да се воспостави широка соработка за зачувување на биодиверзитетот во планината Шар.

SHARE
Previous articleЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ (2)
Next articleКАРАВАНОТ НА БИРС ЗАСТАНУВА ВО КАМЕЊАНЕ
Балкански институт за регионална соработка – BIRC е невладина и непартиска, целосно независна во своето работење, со седиште во Тетово. Организацијата е посветена на промоција и практикување на квалитетното новинарство и научните истражувања во остварување на своите цели за општество со демократските вредности, транспарентни институции, функционална демократија и за создавање на регион на соработка и просперитет. BIRC е составена од докажани експерти од сферата на новинарството и науката.