ПОВИК ЗА УЧЕСТВО: Еднодневна работилница во рамките на проектот „Медиумски инкубатор за новинари“

0
1070

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО

За еднодневна работилница во рамките на проектот „Медиумски инкубатор за новинари од Република Северна Македонија„

Гете-институтот Скопје и Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС) ги покануваат сите млади новинари, студенти и претставници на цивилното општество во Северна Македонија да се пријавуваат на еднодневната работилница за да ги научат основните вештини на квалитетното новинарство.

Имено, сите оние кои се заинтересирани да научат основно новинарство или пак да основат нов професионален медиум (портал) може да аплицираат за учество во програма за обука во рамките на проектот „Медиумски инкубатор“.

Општата цел на овој проект е да се подобри квалитетот на новинарството во Република Северна Македонија, особено во онлајн просторот, и да се подржат новите креативни иницијативи за основање на нови професионални медиуми.

 

Кога: 20.10. 2021 (08:30 – 17:30 часот)

Каде: Канцеларија на БИРС, Тетово (ве молиме запомнете: во зависност од ситуацијата со КОВИД, обуките може да се одржат на онлајн платформата ЗООМ)

Работен јазик: Обуките ќе се одржуваат на македонски и албански јазик. Ќе се обезбеди и превод.

Стипендија: Сите избрани учесници ќе добијат стипендија од 100 евра бруто и професионална подршка во првите чекори како новинар/основач на нов медиум.

 

Еднодневната работилница ќе опфати две модули:

  1. Основно новинарство (прв дел од денот)

Во овој модул учесниците ќе бидат обучени за основно новинарство, почнувајќи со вести, извештаи и проширени извештаи. Овој модул, исто така, ќе вклучува и други основни жанрови на новинарството, како што се профилот, репортажата и истражувачките техники и методи.

  1. Стартување нови медиуми (втор дел од денот)

Овој модул ќе се фокусира на можноста за создавање нови медиуми од страна на учесниците. Учесниците ќе бидат научени како да креираат веб -страница или портал, како да ја одржуваат и како да ја направат конзистентна и сигурна. Тематско структуирање на веб -страница или портал, исто така, ќе биде вклучено во овој модул. Па, како учесниците во зависност од кое поле ќе дојдат да имаат можност да создадат свој медиум за промовирање квалитетно новинарство, но и тематски да промовираат граѓанска кауза во која работат.

Обуките ќе бидат дизајнирани и одржани од познати и искусни експерти од Северна Македонија.

Кој може да аплицира?

Право да аплицираат за присуство на програмата се како подолу:

  • Млади / аспиранти за новинари над 16 години
  • Студенти на факултетите за медиумски студии, комуникација и новинарство
  • Уредници
  • Блогери
  • експерти
  • Актери на граѓанското општество

При аплицирањето секој заинтересиран е треба да пратат мотивациско писмо за да бидат дел од програмата за обука.

Краен рок за пријавување: 12.10.2021; 12 часот (полноќ)

Доколку имате дополнителни прашања, контактирајте не на:

[email protected] и [email protected]

 

Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават со пополнување на формуларот за пријавување:

ФОРМУЛАРОТ МОЖЕТЕ ДА ГО ОТВОРИТЕ АКО КЛИКНЕТЕ ОВДЕ!

Или пратете ваше CV и мотивациско писмо на мејловите: [email protected] и [email protected]

SHARE
Previous articleВИДЕО / АЛАРМОТ ЗА ЗАГРОЗЕНАТА ФАУНА НА ШАРА
Next articleШто придонесува за слабата застапеност на жените во политичкиот живот?
Балкански институт за регионална соработка – BIRC е невладина и непартиска, целосно независна во своето работење, со седиште во Тетово. Организацијата е посветена на промоција и практикување на квалитетното новинарство и научните истражувања во остварување на своите цели за општество со демократските вредности, транспарентни институции, функционална демократија и за создавање на регион на соработка и просперитет. BIRC е составена од докажани експерти од сферата на новинарството и науката.