ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА НА ШАР ПЛАНИНА: ПОМЕЃУ ПОТРЕБНАТА ЗАШТИТА И ПОСТОЈАНОТО ОШТЕТУВАЊЕ

Жителите на населените места на Шар Планина изразија загриженост за моменталната состојба на Шар Планина поради континуираното оштетување или уништување на природата од човечки фактор. Ова се дел од резултатите на анкетата спроведена од БИРС во рамките на извештајот за состојбата на Шар Планина.

РЕЗУЛТАТИ

На прашањето „Од 1 до 5 покажете како ја оценувате состојбата со зачувување на природата на Шар Планина?“, 121 испитаник или 63,6% ја оцениле со 1; 49 или 25,7% дале оценка 2; 8 или 4,2% дале оценка од 3; 7 или 3,6% дале оценка од 4; и само 5 испитаници или 2,6% дадоа највисок рејтинг 5.

Извештајот ја структурира целата правна рамка што подразбира зачувување на природните вредности, сите други документи што се усогласени со европските и генерално меѓународните препораки. Преку истражување и анализа на секундарни документи, извештајот се обидува да ја одрази институционалната заложба за зачувување на Шар Планина, но и да насочи понатамошни активности за поголемо подигање на свеста кај луѓето, особено кај локалните жители, за зачувување на природните ресурси како предиспозиција за зачувување на многу поширок хабитус на живеење на луѓето во хармонија со природата. Извештајот исто така вклучува анкети со локални жители и интервјуа со експерти, спроведени од БИРС, кои ја одразуваат чувствителноста на зачувување на природата.

Огромното мнозинство од испитаниците ја поддржуваат иницијативата за прогласување на Шар Планина за Национален парк, истакнувајќи го ова како најдобар начин за заштита на природните ресурси на овој планински масив. На прашањето „Од 1 до 5 посочи колку е неопходна прогласувањето на Шар Планина за Национален парк?“, 152 или 80% од жителите кои учествувале во истражувањето дале максимален рејтинг од 5; 23 или 12,1% одговориле со 4; 2 испитаници или само 1% со рејтинг од 3; 4 испитаници или 2,1% одговориле со 2; а 9 или 4,7% дадоа најнизок рејтинг 1.

МЕТОДОЛОШКИ ПРИСТАП

За подготовка на оваа студија беше користена квалитативна и квантитативна анализа, заснована на методи на истражување и интервју.  Поради пандемијата, анкетата е спроведена онлајн и беше насочено кон жителите на шест општини кои гравитираат околу планината Шар: Тетово, Гостивар, Врапчиште, Боговиње, Теарце и Јегуновце. Со цел да се обезбеди поголема покриеност на оваа област, преку промовирање на анкетата на социјалните мрежи, беа таргетирани  само испитаници од жителите на горенаведените општини. Анкетата се состоеше од вкупно пет прашања, од кои четири беа дизајнирани врз основа на Ликертовата скала, каде испитаниците дадоа оценки од 1 до 5, додека едно беше отворено. Во периодот од една недела, одговорија вкупно 190 жители на шест општини, што претставуваше основен материјал за квантитативната анализа.

Во текот на истражувањето, беа спроведени 10 интервјуа со експерти, претставници на граѓанското општество и институции. Нивните одговори, заедно со одговорите на анкетата на отворено прашање, беа искористени како основен материјал за квалитативниот дел од анализата.

При подготовката на нормативниот и епистемолошкиот дел од оваа студија беа користени и методите на анализа на содржина и секундарна анализа на слични истражувања на оваа тема.

ЦЕЛОСНАТА СТУДИЈА МОЖЕТЕ ДА ЈА НАЈДЕТЕ ТУКА

Subscribe to our e-mail list and stay up-to-date with all our news.


B-IRC © 2024. All Rights Reserved. 
 Privacy Policy

to top