ТЕМАТСКИ СОСТАНОК ВО ЈУГОЗАПАДНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА ПРЕГОВАРАЧКО ПОГЛАВЈЕ 27:„ЖИВОТНА СРЕДИНА И КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ“
📢На 22 и 23 мај во Струга, се одржа Тематскиот состанок посветен на Преговарачко поглавје 27 „Животна средина и климатски промени“.
На средбата се дискутираше улогата и влијанието врз одржливиот развој на Југозападниот плански регион, статусот на УНЕСКО како прекуграничен биосферен резерват, како и улогата на граѓанскиот сектор и медиумите.
На состанокот говореа Ариан Мероли, експерт за животна средина, и Еди Кела, експерт за медиуми.
Виолета Глигороска од Евротинк го презентираше проектот Медиумите за ЕУ во чии рамки се одржа состанокот.
Tags: животна средина локален развој локални политики медиуми


