АНАЛИЗА: МЕЃУ ЕВРОПСКАТА СТАНДАРДИЗАЦИЈА И ДИЛЕМАТА ЗА УНИВЕРЗИТЕТСКАТА АВТОНОМИЈА
Законот за високо образование претставува еден од клучните столбови на образовниот и научниот систем во Република Северна Македонија. Тој ја регулира универзитетската автономија, институционалната организација, академскиот квалитет и односите меѓу државата и институциите за високо образование.
Новиот Предлог-закон за високо образование, објавен во јануари 2026 година, претставува поширока реформа отколку техничка измена на постојниот закон донесен во 2018 година и консолидиран во 2024 година. Измените имаат за цел усогласување на универзитетскиот систем со европските стандарди за обезбедување квалитет, зајакнување на врската меѓу високото образование и научното истражување, како и воспоставување нови механизми за институционална евалуација и функционирање на докторските студии.
Оваа компаративна анализа ги идентификува главните разлики меѓу актуелниот закон и предлог-законот, фокусирајќи се на концептуалните, институционалните и процедуралните промени што директно влијаат врз универзитетската автономија, академското управување и развојот на системот на високо образование.
Целата анализа можете да ја најдете тука:
