ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

БАЛКАНСКИ ИНСТИТУТ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА (БИРС)

 

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

 

Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС), во рамките на проектот „Гласови на еднаквост – Демократија за сите“, финансиран преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, ги поканува заинтересираните експерти да достават понуда за подготовка на аналитички извештај во согласност со барањата наведени во овој повик.

Еден (1) експерт за подготовка на аналитички извештај

  1. Предмет на повикот

Предмет на овој повик е избор на еден експерт за подготовка на аналитички извештај за застапеноста на жените, младите и помалите етнички заедници во локалната власт во Полошкиот регион.

  1. Опис на ангажманот

Избраниот експерт ќе биде задолжен да:

  • изработи методологија за истражувањето;
  • спроведе анализа на релевантната законска и стратешка рамка;
  • анализира релевантни податоци и документи;
  • спроведе интервјуа со релевантни чинители (доколку е потребно);
  • подготви нацрт и финална верзија на аналитичкиот извештај со препораки.
  1. Квалификации

Понудувачот треба да има:

  • најмалку високо образование (втор и трет циклус ќе бидат предност)
  • најмалку пет години професионално искуство;
  • искуство во подготовка на аналитички извештаи, истражувања или policy papers;
  • искуство во областа на демократијата, локалната самоуправа, изборните процеси или човековите права.
  1. Потребни квалификации

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • завршено високо образование (VII/1), а предност ќе имаат кандидати со магистерски или докторски студии
  • најмалку пет години професионално искуство во областа на јавните политики, демократијата, локалната самоуправа, човековите права или сродни области
  • искуство во подготовка на аналитички извештаи, истражувања или policy papers
  • одлични аналитички и писмени вештини
  • познавање на изборниот систем и локалната самоуправа во Република Северна Македонија ќе се смета за предност
  • искуство во спроведување проекти финансирани од Европската Унија ќе се смета за предност.
  1. Потребна документација

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • биографија (CV)
  • кратко мотивациско писмо
  • финансиска понуда (бруто износ за целокупниот ангажман)
  • листа на релевантни публикации, анализи или policy papers (доколку ги има)
  1. Начин на избор

Изборот ќе го спроведе комисија формирана од БИРС, врз основа на:

  • релевантно образование;
  • професионално искуство;
  • искуство во подготовка на аналитички документи;
  • квалитет на доставената документација;
  • финансиска понуда.

Постапката ќе се спроведе согласно принципите на транспарентност, еднаков третман и недискриминација, во согласност со правилата за спроведување на грантот.

  1. Времетраење на ангажманот

Ангажманот ќе трае до 30 календарски дена, согласно договорената динамика со проектниот тим.

  1. Начин на пријавување

Документите треба да се достават пошта на адреса:

Address 1: Str. Ilindenska 335, SEE University No.202.01/1, 1200, Tetovo, Republic of North Macedonia

соназнака:

„Апликација – Експерт за аналитички извештај“

или преку директна соатава до канцелариите на БИРС.

  1. Рок за пријавување

Крајниот рок за доставување на апликациите е 3 календарски дена од денот на објавувањето на огласот, до 16:00 часот.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.

to top