Воведувањето образовни асистенти во средните училишта чека амин од пратениците

Извор на фотографија: Pexels, автор: Eren Li: https://www.pexels.com/photo/photo-of-woman-assisting-man-for-braille-lessons-7188894/.
Авторка: Симона Паскоска
Децата со попречености во средните училишта ќе добијат образовни асистенти кога ќе се заврши доработката, дополнувањето и изгласувањето на Законот за средно образование. Иако министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека од јануари годинава образовниот процес ќе биде збогатен со образовни асистенти, сепак процесот е заглавен во собраниските клупи.
Од Министерството за образование и наука (МОН) за Евротинк велат дека забелешките за Законот за средно образование од страна на партиите во Собранието на РСМ се само за добивање на политички поени, а не за општествена одговорност и желба за унапредување на средното образование во земјава.
„Новиот Закон за средно образование предвидува ангажирање на образовни асистенти за учениците со попреченост, меѓутоа истиот беше повлечен од собраниска процедура. Образовните асистенти во средните училишта досега беа ангажирани преку програми за општинско корисна работа поддржани од УНДП. По изгласување на Законот за средно образование кој е повлечен за негова доработка и дополнувања, државата ќе овозможи задолжителна и бесплатна образовна асистенција и во средните училишта“, велат од МОН.
Според Ресурсниот центар за родители на деца со посебни потреби, МОН не обезбедува образовни асистенти поради тоа што немаат податок на колку деца им се потребни, но и поради големиот број на недостатоци поврзани со инклузивниот процес. Тие велат дека учениците кои работеле по Индивидуален образовен план, се запишуваат во средно образование на еднакво ист начин како и сите останати ученици. И токму тука, како што велат тие, спречувајќи да не се направи дискриминација, се прави најголемата дискриминација на учениците на кои им е потребна дополнителна поддршка.
„Малиот број на образовни асистенти, критериумите за нивниот избор, обезбедувањето на финансиски средства за образовните асистенти, недоволно јасните правила за улогата на асистентите во училницата, недоволно јасните правила за улогата на асистентите во однос на родителите, недоволно инклузивни тимови во секое училиште и уште ред други недостатоци се појавија веднаш со започнување на инклузивниот процес во основното образование. Многу од овие недостатоци сè уште се присутни на терен, и важно е да се знае дека, колку и да е нивниот процент, тие за некое семејство значат не-инклузија за нивното дете“, велат од Ресурсниот центар.
Извор на фотографија: Pexels, автор: Leeloo The First: https://www.pexels.com/photo/mother-and-daughter-reading-a-story-in-braille-7307953/.
Оттаму потенцираат дека не секое дете во државата има соодветен образовен асистент. Според нив, потребни се и други критериуми кои би покажале дека лицето е спремно за својата работа.
„Бројот на соодветни асистенти е исклучително мал. Ова е сложена и обемна област. Најпрвин треба да се одреди колку образовни асистенти се потребни. Тоа значи дека првичните информации треба да потекнат од децата кои завршуваат со предучилишно образование. Потоа треба да ги обезбедите. Конкурсите во кои се бара “таков и таков” профил не покажуваат секогаш соодветност. Изборот не смее да биде формално исполнување на критериумите. Освен профилот, кандидатот мора да биде сензибилизиран за да работи со дете со некаква попреченост/посебна потреба“, објаснуваат од Ресурсниот центар, додавајќи дека односот на образовниот асистент и родителите е најважен како клучен фактор за успех.
Од МОН, пак, велат дека бројот на асистенти во моментов е 1.018. Според нив, тие се обучени и даваат поддршка на учениците со попреченост во основните училишта и доколку во иднина се појави поголема потреба, ќе бидат ангажирани повеќе образовни асистенти.
„Со новите измени во Законот за основно образование, образовниот асистент на ученикот, односно на учениците со попреченост дава поддршка на сите ученици во паралелката кои имаат потешкотии во совладувањето на наставниот материјал“, додаваат оттаму.
Според психолозите и дефектолозите што ги контактиравме на оваа тема, образовните асистенти имаат клучна улога во целокупниот развој на децата.
Дефектологот Михаела Арсовска за Евротинк рече дека децата кои имаат атипичен развој, а се во инклузивна настава, неопходно е да имаат образовна асистенција која ќе биде во текот на целиот образовен процес за да може да ги поддржи во образованието, но и да го олесни процесот на совладување на наставната содржина која е наменета за детето.
„Секако дека воведувањето на образовни асистенти на децата кои се во инклузивна настава може да влијае само позитивно на нивниот развој и на совладувањето на наставната содржина. Секое дете со образовна асистенција ја зголемува својата самодоверба“, вели Михаела Арсовска.
Според психологот Никола Дукоски, чувството на присутност и сигурност која ќе ја има детето со атипичен развој со образовниот асистент доведува до дополнително негување на менталното здравје.
„Вниманието е тоа што го поттикнува развојот и соодветните промени. Порастеретен е наставникот, а понасочено детето. Знае каде е и кој директно, а кој индиректно го заштитува и пред сè чувствува сигурност и припадност. Првично со тоа што асистентот се вклопува во средина нетипична за возрасен – меѓу ученици, а потоа со самото поврзување со децата од одделението, со самото тоа и ученикот со посебни потреби се идентификува и другите деца го прифаќаат“, вели за Евротинк Никола Дукоски.
Каков е ставот на ЕУ во однос на образовните асистенти?