ОГЛАС: За ангажирање на финансиски асистент

Управниот одбор на Балкански институт за регионална соработка (БИРС) со седиште во Тетово, на седницата одржана на 04.12.2019, донесе одлука со која објавува:

 

ОГЛАС

За ангажирање на финансиски асистент

 

Балкански институт за регионална соработка (БИРС), невладина организација со седиште во Тетово, има потреба од еден финансиски асистент, задолжен за административното работење на организацијата.

Како организација составена од докажани експерти од сферата на новинарството и науката, БИРС е посветена на промоција и практикување на квалитетното новинарство и научните истражувања во остварување на своите цели за општество со демократските вредности, транспарентни институции, функционална демократија и за создавање на регион на соработка и просперитет.

Ангажманот ќе трае од 01 јануари 2020 до 30 јуни 2020 година, со можност за продолжување.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Завршено високо образование или апсолвент
  • Одлично познавање на Microsoft Excel, Word и Power Point
  • Одлично познавање на Македонскиот, Албанскиот и Англискиот јазик
  • Способност за тимска работа, професионалност и доверливост
  • Способност за комуницирање со членови на тимот, партнерите и донаторите

 

Работни задачи за избраниот ќе будат следните:

  • Тековни административно/финансиски работи
  • Подготовка, спроведување и мониторинг на буџети и финансиски планови
  • Активно учество во подготовка и спроведување на проектите на организацијата
  • Архивирање на финансиска документација
  • Асистирање во работните задачи на проектниот менаџер

 

Потребни документи:

  • CV (во PDF формат)
  • Мотивациско писмо

 

Работно  време: 32 часа неделно

 

Рокот за пријавување е до 20.12.2019 година на следната е-маил адреса: [email protected] со назнака: „За финансиски асистент“.

Забелешка: Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за спроведување на интервју.

 

Проектен менаџер на БИРС,

Лорик Идризи

[email protected]

Subscribe to our e-mail list and stay up-to-date with all our news.


B-IRC © 2024. All Rights Reserved. 
 Privacy Policy

to top