Повик за учесници на Седма школа за европски политики
Тема на Школата: Евроинтегративните процеси низ призма на новата методологија
Школата за европски политики е традиционална активност на Евротинк која се одржува секоја година. Целта на настанот е да придонесе кон подобро разбирање на процесот на евроинтеграции помеѓу претставниците на граѓанските организации, медиумите и други чинители.
Овогодинешното издание на Школата за европски политики се спроведува во рамки на проектот „Медиумите за ЕУ“ – Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, кој ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии го спроведува во партнерство со Европска асоцијација за локална демократија (АЛДА) и Балкански институт за регионална соработка (БИРС) со поддршка од Европската Унија.
Овогодинешната Школа тематски ќе биде посветена на пренесување знаења околу евроинтегративните процеси низ призмата на изменетата нова методологија на интегративните процеси. Школата е отворена за претставници на граѓански организации, претставници на институции, новинари и медиумски работници, студенти и млади професионалци кои пројавуваат интерес за областите за кои Република Северна Македонија ќе го започне преговарачкиот процес со ЕУ. Предавачи на Школата ќе бидат еминентни меѓународни и национални експерти, со специфични портфолија за секоја од засебните сесии.
За кого е наменета:
Школата е отворена за претставници на граѓански организации, претставници на институции, новинари и медиумски работници, студенти и млади професионалци кои пројавуваат интерес за областите за кои Република Северна Македонија ќе го започне преговарачкиот процес со ЕУ.
Период и начин на имплементација:
Школата за европски политики ќе биде реализирана на 15ти и 16ти декември 2023 година. За селектираните учесници ЕВРОТИНК ќе ги покрие трошоците за пат и сместување.
Опфат и придобивки:
Учесниците на школата ќе имаат можност да ги надградат своите знаења на теми како евроинтегративниот процес низ призмата на изменетата нова методологија на интегративните процеси. Како предавачи на Школата ќе бидат ангажирани еминентни меѓународни и национални експерти, со специфични портфолија за секоја од засебните сесии.
Сите учесници кои ќе остварат учество на најмалку 80% од вкупното времетраење на Школата ќе добијат сертификати за успешно завршување на истата.
Предавањата на Школата ќе бидат исклучиво на англиски јазик.
Сите детали ќе бидат дополнително споделени со селектираните учесници.
Начин на пријавување и селекција:
Заинтересираните учесници треба да испратат работна биографија (CV) и Мотивациско писмо (двата документа на англиски јазик) на ел. адреса: [email protected] не подоцна од 8ми декември 2023 год. до 16:00 часот.
ЕВРОТИНК ќе ги селектира и извести избраните учесници најдоцна до: 12ти декември 2023год.