ПОЗИТИВНАТА ЧУВСТВИТЕЛНОСТ НА ПРЕДЛОГОТ ШТО ГО ОТКЛУЧИ ПРОЦЕСОТ НА ИНТЕГРАЦИИ
Пишува: Лорик Идризи-Балкански институт за регионална соработка-БИРС
Во големиот мозаик на интеграцијата на државата и европската иднина, граѓаните Албанци на Северна Македонија, иако свесни за чувствителноста на спорот со Бугарија, кој е идентитетски и културен, во нивните очи ја видоа само светлината на историскиот момент, што ќе и овозможи на Северна Македонија конечно да ги реши билатералните спорови и да има отворен пат кон целосна интеграција во големото европско семејство.
Актерите на албанската јавна сфера, почнувајќи од партиите, без разлика дали се оние од власта или опозицијата, едногласно и безусловно го поздравија францускиот предлог како единствен начин за отклучување на процесот на европска интеграција, имено отворање на разговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ. Тие во сите свои изјави потенцираа дека европскиот пат на земјава нема друга алтернатива. Во синхронизација со овој европски хоризонт, тие го гледаат францускиот предлог како добра основа за решение на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, по сите тие ќор-сокаци и судири на спротивните полови што ги засегнаа историските и идентитетските прашања на македонскиот народ. Добра база, која ги одржува геостратешките позиции на земјата, кои се во целосна синхронизација со САД и Европската унија.
Ова е оценето како последна пречка за отворање на европската перспектива, особено по промената на името со Договорот од Преспа, кој исто така се сметаше за голем предизвик, но наиде на поддршка не само од граѓаните Албанци на Северна Македонија, туку на секој граѓанин кој имаше вистинска чувствителност за патувањето на земјата кон евроатлантските интеграции.
И во двата случаи имаше многу добри можности да се најде решение порано со поддршка на меѓународниот фактор и да се забрза процесот на интеграција. Но, во текот на 30-те години од постоење на Северна Македонија, политичките елити калкулираа со догми за зачувување на долговечноста на власта; имаше догматски пристап и фолклорен наратив за да се избегнат овие решенија, кои беа рационални компромиси.
Во првиот спор, етничките Албанци беа повеќе вклучени, бидејќи се работеше за правно-државна димензија. Во случајот со Бугарија, етничките Албанци беа целосно свесни за културно-идентитетскиот судир кој не ги дефинираше како албански идентитет и поради тоа сите актери на политичкиот и општествениот живот беа внимателни во своите изјави. Но, во целиот комплициран контекст, политичките и општествените чинители на албанскиот простор земаа предвид дека овој предлог е последниот воз на Европа, додека трендовите на заминување на младите и другите возрасни групи во правец на која било земја на Европската Унија секогаш и стануваше се поалармантно. Во вториот спор со соседната држава Бугарија, Албанците беа порамнодушни, но и со силно разбирање кон своите сограѓани Македонци, бидејќи контекстот беше културен и идентитетски. Речиси сите чинители на јавниот живот, но и граѓанското општество и граѓаните покажаа длабоко разбирање на идентитетските прашања со сета нивна сложеност.
Од оваа гледна точка, отстранувањето на ветото и добивање на датум за Европската Унија е можност за борба против социјалната депресија, додека соседните земји со последователните вета предизвикаа безизлезна состојба. Се сеќаваме на периодот на Груевски, кога земјата тргна по патека без враќање и имаше потреба од сеопфатна социјална рефлексија и унија надвор од етничките и идеолошките бои за враќање на земјата на патеките на европскиот пат.
Идеолошкото враќање во антиката, преку политиките што ги промовираше поранешниот премиер Груевски, повеќе од една деценија го оневозможи решавањето на проблемот со името, што го одложуваше членството на земјата во НАТО и го затвораше патот кон преговорите со ЕУ. Потребни беа многу политички движења, кон силна меѓународна посветеност, но и многу голема посветеност на другите прогресивни општествени чинители, за Северна Македонија да излезе од таа популистичка догма.
Во целата оваа ситуација, албанскиот политички фактор одигра конструктивна улога, ставајќи ја пред се геостратешката позиција на Северна Македонија и нудејќи рационално решение со меѓународната заедница во однос на решавање на проблемот со името.
Овие политички ќорсокаци веќе создадоа општествена депресија кај граѓаните, која, меѓу другото, имаше и ја има цената на заминувањето на младите во Европа. Овие ситуации погрубо ја погодуваат надежта на младите, кои имаат за цел да создадат синергија меѓу европските вредности и благосостојбата.
Без разлика на „гревовите“ што можеби ги имаат владите после Груевски, кои не го искористија сиот потенцијален капацитет за големо европско транспонирање на земјата, не може да се негира дека постоела голема волја за европскиот пат; паралелно со народната волја за легално казнување на корумпираните. Значи, тоа беше политички момент, во кој граѓаните на Република Северна Македонија во своја призма почнаа да гледаат на заедничките проблеми, а не на културните и етничките разлики. Албанскиот политички фактор има намера да ја игра истата улога со соседна Бугарија, ставајќи го интегративниот процес над сè, но во никој случај не сакајќи да го наруши културниот и идентитетскиот план на сограѓаните Македонци.
Гледајќи ја европската и прозападната ориентација како неспорна и единствена алтернатива, безбедноста дадена од земјите од Европа и Соединетите Американски Држави како главни сојузници на Северна Македонија за ова решение му даде голем кредибилитет на овој документ, можеби главен аргумент за приемот на историскиот пресврт кон ЕУ.
Така, тие веруваат во концептот на Европа и западните вредности, каде што различноста на културите и јазиците е додадена вредност на оваа европска парадигма. Овие околности на големи спорови на спротивните полиња, секако бараат рационални компромиси, значат нов призор за согледување на реалноста во контекст на големиот сон на секој балкански народ, дека освен целиот универзум на различностите, заеднички именител било европското патување до целосна интеграција во оваа Унија.
Албанската етничка заедница во сите случаи ги чувствува антиевропските наративи како опасни. Таа ги гледа овие наративи како анахрони и опасни за постоењето и патувањето на Северна Македонија во Европа на вредностите, особено наративите кога некои политички партии, како Левица, ги деградираа во антиевропски, антиамерикански дискурси и во некои случаи кои се обидуваат да предизвикаат меѓуетничка нетрпеливост.
Значи, да се разложи од поприфатлива гледна точка, граѓаните Албанци како содржина и колективен рефлекс го видоа ова решение горе-долу слично на она што го имаа владините партии, онаа на рационален компромис со Софија. Рационален компромис што мора да се направи за да се задржат геостратешките позиции и да се избегнат други одложувања, но во никој случај не недостигаше разбирање за препознавање на другите култури кои коегзистираат.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) како најголема партија на албанскиот табор и победник на сите парламентарни изборни циклуси, како дел од владата на Ковачевски, оцени дека отфрлањето на францускиот предлог ќе има последици за Северна Македонија, бидејќи бугарската страна повторно може да оспорува прашања поврзани со македонскиот идентитет.
Заедно со ДПА и Алтернатива како дел од владата, синхронизирајќи се со владиниот партнер СДСМ, кој инсистираше дека со овој предлог не се загрозени ниту јазикот, ниту македонскиот идентитет, одиграа улога во создавањето позитивен дух за овој предлог, секогаш гледајќи го како историски момент за земјата, бидејќи овој предлог ги отвора вратите за интеграција на земјата. Дури и албанските опозициски партии АА и Движење Беса го гледаат францускиот предлог како позитивно решение за деблокирање на земјата на интегративниот пат.
Сите албански партии имаа импулс од албанскиот гласач на Северна Македонија да имаат позитивен пристап кон францускиот предлог како надминување на последната пречка на патот на интеграцијата. И аналитичарите и другите учесници во јавниот живот имаа слично размислување; сите актери од јавната сфера го поддржаа францускиот предлог.
По целиот овој општествен и политички процес, францускиот предлог беше одобрен во парламентот, додека Северна Македонија ги отвори преговорите со ЕУ во две фази, како што е дефинирано со овој предлог и што значи отворање на Уставот и вклучување на Бугарите во него. Албанскиот политички спектар, актерите на јавниот живот и размислувањето на Албанецот во однос на идните предизвици на овој процес ќе продолжат да бидат исти, позитивни со ентузијазам за добивање датум за интеграција во Европската Унија, секогаш со доверба во САД и во европските партнери како сигурност во континуитетот на процесот и зачувување на интегритетот на Северна Македонија.
Отворањето на преговорите означува одлучувачки момент за Северна Македонија на неповратниот пат на европската интеграција како единствена алтернатива. Со отворањето на преговорите треба да започне нов институционален и државен менталитет и функционирање, што одговара на идејата за европските вредности и стандарди. Сите поглавја што ќе се отворат, заедно со прелиминарниот скрининг процес, ќе воспостават нов начин на функционирање на државата во согласност со концептот на функционирање на државите од ЕУ.
Така, со усвојувањето на датумот за интеграција на Северна Македонија во ЕУ, албанските граѓани веруваат во концептот и духот на зачувување на човечкото достоинство и културната различност на оваа унија. Граѓаните Албанци, сите актери на јавниот живот, компромисите секогаш ги гледаат како рационални и позитивни во функција на интегративниот процес и на крајот во функција на полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ.
Оваа анализа е дел од проектот: „Демистифицирање на (не) соседските односи на патот кон ЕУ: Случајот на Северна Македонија и Бугарија“ поддржан од Канадската амбасада во Белград, преку Kанадскиот фонд за локални иницијативи-(CFLI). Содржината на публикацијата е единствена одговорност на ЕВРОТИНК-Центар за европски стратегии и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Канадската амбасада во Белград и Канадскиот фонд за локални иницијативи.