ЏЕМАИЛИ: НАЦИОНАЛЕН ПАРК, МОЖНОСТ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

Во едно интервју како дел од проектот „Шар Планина – последната брана против еколошката катастрофа“, поддржан од Цивика мобилтас, екстпертот за животна средина, Хисен Џемаили, вели дека со прогласување на Шар Планина за национален парк, активностите на луѓето кои гравитираат внатре во паркот и неговата околина нема да се загризуваат.

Напротив, вели тој, ќе се стимулираат други можности, ќе се стимулира сточарството, ќе се стимулираат земјоделски производи во овие села. Џемаили, исто така вели дека со прогласување на национален парк ќе се зачува биодиверзитетот, односно ќе бидат зачувани видовите на флора и фауна кои се уникатни.

„Сметаме дека по прогласувањето на национален парк, со воспоставување правила во одредени области, овие автохтони животни ќе бидат помалку загрозени, ќе се размножуваат и ќе бидат дел од биолошката разновидност на Шар Планина и дел од развојот на различните видови туризам , алпинизам, алтернативен туризам, одржлив и рурален туризам “, вели Џемаили.

Subscribe to our e-mail list and stay up-to-date with all our news.


B-IRC © 2024. All Rights Reserved. 
 Privacy Policy

to top