ИЗВЕШТАЈ ЗА ОНЛАЈН МЕДИУМИТЕ: Само половина од текстовите се оригинални

Транспаретноста на сопственичката структура на онлајн медиумите и квалитетот на објавените соддржини, кои често излегуваат надвор од етичките и професионалните стандарди, се најголемите пречки за развој на овие медиуми.

 

Ова се вели во извештајот на Центарот за развој на медиумите „Медиум“ од Гостивар и на Балканскиот институт за регионален развој (БИРЦ) со седиште во Тетово, објавен кон крајот на месец јули.

 

Во однос на пристапот кон субјектот – ентитетот за кој се однесува содржината, во овој дел најдобро се забележуваат утврдените уредувачки политики на секој портал. Четири (4) од набљудуваните онлајн-медиуми имаат негативен пристап кон партиите кои ја сочинуваат централната власт, додека кај други два (2) портали овој пристап е крајно негативен, потпирајќи се само на една политичка партија во опозиција како извор на информации.

 

 

 

 

Во текот на седумдневното набљудување, од вкупно 947 оригинални содржини, се евидентирани само четири (4) лажни вести. Овие вести се произведени врз основа на непотврдени приказни или врз извори кои не можат да се сметат за релевантни и веродостојни.

 

Транспаретноста на порталите е исто така проблем кој се појавува кај овој вид на медиуми. Од вкупно четеринаесет (14) набљудувани портали, осум (8) се транспарентни при што имаат објавено импресум каде ги има имињата кои ја сочинуваат редакцијата, пет (5) портали се нетранспаретни, додека еден (1) е делумно транспарентен.

 

 

Целосниот извештај можете да го најдете ТУКА.

 

 

Subscribe to our e-mail list and stay up-to-date with all our news.


B-IRC © 2024. All Rights Reserved. 
 Privacy Policy

to top