ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ
БАЛКАНСКИ ИНСТИТУТ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА (БИРС)
ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ
Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС), во рамките на проектот „Гласови на еднаквост – Демократија за сите“, финансиран преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, ги поканува заинтересираните експерти да достават понуда за подготовка на аналитички извештај во согласност со барањата наведени во овој повик.
Еден (1) експерт за подготовка на аналитички извештај
- Предмет на повикот
Предмет на овој повик е избор на еден експерт за подготовка на аналитички извештај за застапеноста на жените, младите и помалите етнички заедници во локалната власт во Полошкиот регион.
- Опис на ангажманот
Избраниот експерт ќе биде задолжен да:
- изработи методологија за истражувањето;
- спроведе анализа на релевантната законска и стратешка рамка;
- анализира релевантни податоци и документи;
- спроведе интервјуа со релевантни чинители (доколку е потребно);
- подготви нацрт и финална верзија на аналитичкиот извештај со препораки.
- Квалификации
Понудувачот треба да има:
- најмалку високо образование (втор и трет циклус ќе бидат предност)
- најмалку пет години професионално искуство;
- искуство во подготовка на аналитички извештаи, истражувања или policy papers;
- искуство во областа на демократијата, локалната самоуправа, изборните процеси или човековите права.
- Потребни квалификации
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- завршено високо образование (VII/1), а предност ќе имаат кандидати со магистерски или докторски студии
- најмалку пет години професионално искуство во областа на јавните политики, демократијата, локалната самоуправа, човековите права или сродни области
- искуство во подготовка на аналитички извештаи, истражувања или policy papers
- одлични аналитички и писмени вештини
- познавање на изборниот систем и локалната самоуправа во Република Северна Македонија ќе се смета за предност
- искуство во спроведување проекти финансирани од Европската Унија ќе се смета за предност.
- Потребна документација
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- биографија (CV)
- кратко мотивациско писмо
- финансиска понуда (бруто износ за целокупниот ангажман)
- листа на релевантни публикации, анализи или policy papers (доколку ги има)
- Начин на избор
Изборот ќе го спроведе комисија формирана од БИРС, врз основа на:
- релевантно образование;
- професионално искуство;
- искуство во подготовка на аналитички документи;
- квалитет на доставената документација;
- финансиска понуда.
Постапката ќе се спроведе согласно принципите на транспарентност, еднаков третман и недискриминација, во согласност со правилата за спроведување на грантот.
- Времетраење на ангажманот
Ангажманот ќе трае до 30 календарски дена, согласно договорената динамика со проектниот тим.
- Начин на пријавување
Документите треба да се достават пошта на адреса:
Address 1: Str. Ilindenska 335, SEE University No.202.01/1, 1200, Tetovo, Republic of North Macedonia
соназнака:
„Апликација – Експерт за аналитички извештај“
или преку директна соатава до канцелариите на БИРС.
- Рок за пријавување
Крајниот рок за доставување на апликациите е 3 календарски дена од денот на објавувањето на огласот, до 16:00 часот.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.
