Форумот на младите за европска интеграција, Приштина ги пречекува младите од Северна Македонија и Црна Гора

На 25 август, Приштина ќе стане платформа за зајакнување на гласот на младите од Западен Балкан.

На овој датум ќе се одржи форумот на младите „Youth Forum on EU Integration“ кој се организира во рамки на проектот „Младинско вклучување за европеизација на Балканот“, кој го спроведуваат Институтот CFID од Косово, НВО GLAS од Црна Гора и BIRC од Северна Македонија со поддршка од Фондот за Западен Балкан и кофинансирање од Европската Унија.

Пишува: Ррон Укимерај

Овој форум доаѓа како продолжение на конференцијата што се одржа на 7 јули во Подгорица, на која младите од трите земји учеснички не ги штедеа своите идеи и глас.

Форумот ќе се одвива на англиски јазик за да се овозможи што поотворена и заедничка комуникација меѓу младите учесници. На конференцијата во Подгорица имав среќа да бидам дел од младинскиот панел за дискусија, каде што ја делев масата со тројца учесници од земјите учеснички, со кои успеавме да разговараме за многу важни теми за улогата на младите во европската интеграција. Ме импресионираше колку нашите размислувања беа слични и преку ова сфатив дека нашите земји, иако одделени од историја на војни, минуваат низ истите предизвици на патот кон заедничката цел – европската интеграција.

Таму ја добив можноста да сфатам дека комуникацијата и соработката на младите од овие земји може да биде клучниот фактор што ќе го забрза интегрирањето на нашите држави во ЕУ.

Покрај гласот на младите, на форумот ќе се слушнат и експерти за прашањата на интеграцијата, кои со своето искуство ќе помогнат во по професионално обликување на мислењата и идеите на младите присутни.

Овој форум е важен чекор за зајакнување на младите на Балканот, но не е последен.

Завршната конференција ќе се одржи во Северна Македонија, каде што младите од Македонија ќе нè пречекаат во Скопје за повторно да ги собереме нашите идеи и перспективи за да ја создадеме иднината што ја посакуваме, бидејќи без млади – нема иднина.

Овој текст е реализиран во рамки на проектот „Младинско вклучување за европеизација на Балканот“, спроведен од Институтот BIRC од Северна Македонија, НВО GLAS од Црна Гора и CFID од Косово, со поддршка од Фондот за Западен Балкан и кофинансирање од Европската Унија.

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на авторот и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.

Subscribe to our e-mail list and stay up-to-date with all our news.


B-IRC © 2025. All Rights Reserved. 
 Privacy Policy

to top