ВИДЕО-ДОКУМЕНТАРЕЦ / ФЛОРАТА НА ШАРА – НЕИСЦРПЕН ИЗВОР ЗА АЛТЕРНАТИВНАТА МЕДИЦИНА

0
1520

Фатиме Адеми вели дека таа и нејзиното семејство никогаш не посетиле лекар. Тоа е затоа што за лекување на разни болести ги користи лековитите растенија кои ги собира на Шар Планина. Фатима живее во Калиште, едно планинско село во општина Врапчиште, на 15 километри од градот Гостивар.

За Фатиме, секое растение, секој цвет има свое лековито дејство врз човечкото тело. Таа го знае секое растение за што може да се користи. Таа се поистоветува со природата, со растенијата и веќе им нуди на луѓето можности за лекување преку природни лекови. За можноста својата работа да ја претвори во бизнис вели дека бара поддршка од институциите. Ветување има, но досега ништо не е направено, вели таа.

Масивот Шар Планина е познат по својата извонредна биолошка разновидност. На просторите на овој масив насекаде се шири разновидна  вегетација. Постојат над 2500 видови растенија кои вегетираат и создаваат посебен универзум кој му дава уникатно значење на човековото постоење во близина на овој масив. Голем број од овие растенија од жителите на овие краишта се користат за народна медицина.

Целиот видео-документарец можете да го најдете на линкот: ФЛОРАТА НА ШАРА – НЕИСЦРПЕН ИЗВОР ЗА АЛТЕРНАТИВНАТА МЕДИЦИНА

 

Документарецот е реализиран во рамките на проектот „Шар Планина – последната брана против еколошка катастрофа“, подржан од програмата Цивика Мобилитас: