1. ШАР ПЛАНИНА-ПОСЛЕДНА БРАНА ПРОТИВ ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА

БИРC актуелно го спроведува проектот за подигнување на свеста кај локалните жители за заштита на природните вредности на Шар Планина.  Овој проект е финансиран од програмата Цивика мобилитас во вредност од 1.800.000 денари и ќе трае 18 месеци. За време на овој проект ќе бидат реализирани повеќе активности: карАваните со граѓани, документарни филмови, истражувања, интервјуа и завршна конференција Темите вклучени во оваа акција се однесуваат на идејата за зачувување на Шар Планина како природно богатство. Главна тема ќе биде екологија, а со ова ќе се поврзуваат и други теми како што се граѓанската вклученост, транспарентност и ефикасност на институциите, јавна свест и соработка помеѓу институциите и цивилното општество. Генерално тематски ќе се толкува подигнување на свеста кај локалното население и во јавноста за заштита на природните ресурси.. Главната цел на проектот е да се подигне свеста на граѓаните за потребата од зачувување на Шар Планина како природен ресурс за одржување рамнотежа низ целиот екосистем во Република Македонија и подигнување на свеста кај локалното население како и вклучување на повеќето институционални и општествени чинители за зачувување на природната рамнотежа на Шар Планина, со посебен осврт на нејзината заштита од штети предизвикани од човечки фактор. [Повеќе]

 

Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) заподдршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија да бидат поттикнати одсилен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, што резултира сопотранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивно управување како на централно,така и на локално ниво.

Кординатор на проектот : Лорик Идризи

Е-маил: [email protected] 

 

2. ПОТТИКНУВАЊЕ НА ЈАВНАТА ДЕБАТА КАЈ МЛАДИТЕ АЛБАНЦИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Проектот подржан од НЕД се состои од две димензии: првата е обука и вработување на нова генерација млади новинари, додека втората е зајакнување на КДП како портал преку ан гажман на професионалци од областа на новинарството како и обучени новинари во рамките на проектот.

 

3. ПОДИГНУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПЛАНИНАТА ШАР КАКО НАЦИОНАЛЕН ПАРК

Во рамките на овој проект беа изработени 8 кратки видео клипови за сензибилизирање на јавното мислење за потребата од прогласување на планината Шар за национален парк со цел да се спречи негово масовно уништување. Беше изработен и истражувачки документарец на оваа тема, додека проектот заврши со конференција на која претставници на невладини организации и институции разговараа како да се забрзаат процедурите за заштита на овој планински масив..
Овој проект е основан од Цивика Мобилитас – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементиран од NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU).

4. Клубот на Политичка Дебата – KDP

КДП е проект за поттикнување на политичката дебата меѓу сите општествени чинители во Република Македонија и пошироко, со цел промовирање на демократските вредности и изнаоѓање конструктивно решение за општествените проблеми. КДП е онлајн списание на албански јазик (www.kdpolitik.com & KDP.mk) кое има за цел да придонесе за квалитетно и избалансирано информирање на граѓаните за клучните процеси, прашања и проблеми.

 

 

5. ZIGZAG – за решавање на проблемите на граѓаните преку ТВ дебати меѓу Граѓанскиот Сектори и институции

„Зигзаг“ е проект кој опфаќа ТВ дебати меѓу граѓански организации и претставници на државните институции за одредени проблеми на граѓаните во Република Македонија. Овој проект е основан од Цивика Мобилитас – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементиран од NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU).

6. НОВИ МЕДИУМИ ЗА СТАРИ ПРЕДИЗВИЦИ

„Нови медиуми за старите предизвици“ е проект реализиран во партнерство со Центарот за развој на медиуми „Медиум“, организација која е носител на проектот. Овој проект е поддржан од Цивика Мобилитас, која е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементиран од NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU).

Subscribe to our e-mail list and stay up-to-date with all our news.


B-IRC © 2024. All Rights Reserved. 
 Privacy Policy

to top