НУРЕДИНИ, АЛИУ И ЧУЧИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА БИРС: КАКО ДА СЕ РАЗВИЕ ШАР ПЛАНИНА КАКО НАЦИОНАЛЕН ПАРК?

0
200

Регионалната конференција „Шар Планина – бисерот на регионот“, ја отвори дебатата за управување со националните парковии истовремено ја афирмираше идејата за прекугранична соработка кон заеднички проекти, кои овозможуваат еколошки заштита и социо-економски развој за локалните жители.

Конференцијата на Балкански институт за регионална соработка (БИРС) со седиште во Тетово, беше организирана во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија. Конференцијата ја заокружи 18-месечната траекторија на активности дизајнирани како дел од проектот „Шар Планина-последна брана против природна катастрофа“ финансиран од проектот Цивика мобилитас. Конференцијата ги собра на едно место, во хотелот „Скардус“, во Попова Шапка, министерот за животна средина на Северна Македонија и Косово, Насер Нуредини и Либурн Алиу, заменик министерот за животна средина во Албанија, Орнела Чучи, како и претставници на граѓанското. Зелената европска агенда и можностите за прекугранична соработка, улогата на граѓанското општество во управувањето со националните паркови и социо-економскиот развој на населените места кои гравитираат во рамките на националниот парк, беа во фокусот на оваа конференција.

На отворањето на оваа конференција, извршниот директор на БИРС Бардил Заими, ја истакна потребата од заштита на животната средина како предиспозиција за одржување на човековата хармонија со природата и за одржлив развој. Тој ја истакна и заложбата на БИРС за подигање на свеста за прогласување на националниот парк Шар Планина.

„За да ја зачуваме животната средина, да ја зачуваме природата, ние 18 месеци заедно со другите актери на граѓанското општество, институциите и така натаму, отворивме суштински дијалог, токму во насока на прогласување на планината Шар за национален парк.“, рече Заими.

 

Во својот говор на панел дискусијата на тема „Зелената агенда на Европската унија и можностите за развој на националните паркови во Западен Балкан“, министерот за животна средина на Северна Македонија, Насер Нуредини, истакна дека како институција се длабоко ангажирани во управувањето со најдоброто од националниот парк.

„Со ова сакаме да создадеме менаџмент, регуларност во активностите на Шара. Исто така, постојат различни области каде што тие ќе бидат дефинирани. Сега заклучуваме со УНЕП и IUCN и меѓународни експерти, каде подготвуваме план за управување со националниот парк“, рече Нуредини.

Во панел дискусијата на оваа конференција, министерот за животна средина на Косово, Либурн Алиу, истакна дека прогласувањето национален парк е неопходно за да се заштитат вредностите на природата на целата територија.

„Тоа што денес го прогласуваме за Национален парк, тој спаѓа во овој дел од природата, низ вековите опстојувал и се развивал таков каков што е и луѓето го користеле без да му наштетат. Сега, бидејќи технолошкиот и економскиот развој насекаде во светот доби огромен замав, чувствуваме дека можеби оваа природна убавина може да биде загрозена од економскиот развој и императив е да прогласиме Национален парк за да ги заштитиме вредностите на природата во сета оваа територија“, нагласи Алиу.

Алиу ја виде оваа конференција како добра можност за размена на искуства, давање идеи и создавање мрежи за прекугранична соработка, секогаш со цел заштита на природните ресурси на Шар, развој на туризмот и подобро управување со Националниот парк.

Како клучно прашање на панел-дискусијата беше нагласено дека преку заеднички ангажман да се изнајдат различни модалитети за заштита на природните ресурси на Шар, развој на туризмот и правилно управување со Националниот парк Шара. На панел дискусијата се осврна и на многу други прашања, кои директно влијаат на управувањето со националниот парк. Во фокусот на дебатата беше и прекуграничната соработка за спроведување на заеднички проекти финансирани од ИПА.

Двајца министри изразија целосна подготвеност за соработка и за пренос на искуства во управувањето со националниот парк. Нагласен е и фактот дека Шара претставува маса со извонреден биодиверзитет која мора институционално да се заштити.

 

На вториот панел фокусот беше ставен на темата „Улогата на граѓанското општество во заштитата и развојот на националните паркови“. Координаторот на проектот финансиран од Цивика мобилитас, Лорик Идирзи, ги презентираше сите заложби на БИРС во однос на заштитата на природата и прогласувањето на Шар Планина за национален парк.

 

Лорик Идризи, Пројект координатор на БИРС

„Во 2017 година го направивме првиот документарен филм на тема „Прогласување на Шар Планина за Национален парк“, кој достигна рекордна гледаност. Ова ја подигна свеста и кај јавноста и кај надлежните функционери кои креираат политики. Таа година ја организиравме и конференцијата, каде официјални лица се сретнаа со претставници на граѓанскиот сектор за да работат заедно за да се постигне истата цел. Овие две години БИРС, со голема поддршка од Цивика мобилитас, но и од Министерството за животна средина и просторно планирање, има снимено вкупно 6 квалитетни документарни филмови, повеќе од 30 промотивни видеа, студии, новинарски истражувања и интервјуа, на оваа тема“, потенцира Идризи

Претставникот на Коалицијата „Пријатели на Шара“, Метин Муареми, ја истакна потребата да се продолжи со активности и свесност, но и со сеопфатна соработка во насока на имплементација на националниот парк. Според него, не е доволно само да се најавува, туку е потребна трајна посветеност на сите за подобро управување со националниот парк.

Додека, Ирфан Мисини од здружението „Мечка на Шара“ ја истакна потребата од заштита на фауната на Шар Планина, односно националниот парк. Според него, останува многу важно институциите да работат со локалните жители при управувањето со националниот парк, бидејќи тие подобро ги знаат проблемите и предизвиците.

Во последниот панел „Како може да се зголеми регионалната соработка во заштитата на имотите на Шар и развојот на националните паркови?“, универзитетските професори Бесник Реџепи и Даниел Богнер, експерт за животна средина, ги открија предизвиците за управување со националниот парк и трансферот на моделите и искуства од европските земји за националниот парк да го најде патот на развој и афирмација како можност за промовирање на планинскиот туризам и другите форми на туризам.

Даниел Богнер, меѓународен експерт за животна средина

Во отворен дијалог со двајцата експерти, Ибрахим Деари, директор на ЈП „Национален парк – Шар Планина“, ги истакна тешкотиите на управувањето, но и можните решенија што треба да се обезбедат и да се вклучат во стратегијата за управување за жителите да ги почувствуваат придобивките на националниот парк.

Едноневната конференција „Шар Планина, бисерот на регионот“, ја отвори дебатата за управување со националните паркови, донесе различни искуства и истовремено ја афирмираше идејата за прекугранична соработка кон заеднички проекти, кои овозможуваат еколошки заштита и социо-економски развој за локалните жители.