ПРЕСТРУКТУРИРАЊЕ НА КДП, АГОРАТА НА АНАЛИТИЧКОТО НОВИНАРСТВО

Ве покануваме заедно да го направиме овој пат со многу предизвици, овој пат на професионално новинарство и непрекината демократска дебата за сите теми поврзани со европската судбина на сите граѓани.

 

Aвтор: Бардил Заими

Кога за прв пат го започнавме КДП ( Клуб на Политичка Дебата), ние, група новинари, го замисливме како агора за различно мислење, целосно аргументирано и засновано врз основните принципи на професионалното новинарство. Веќе поминале повеќе од две години како што порталот КДП работи токму со овие принципи, обезбедувајќи им на читателите подетални информации и во исто време обезбедувајќи им потврдена содржина од жанрот на коментаторското новинарство.

Порталот е одржуван целосно на доброволна основа со единствено претендирање дека во големиот хаос на мрежните медиуми, на хаотичните информации и во повеќето случаи непроверени, ние како медиуми нудиме поинаков пристап, кој во суштина останува аналитички и плуралистичен. Бавно и без многу напор, во ова време, КДП успеа да создаде идентификативен и аналатички профил, истовремено зајакнувајќи ja својaтa доверба и релевантност.

Потпирајќи се целосно на една модерната парадигма на новинарството и негувајќи го плурализмот на мислењата, но во исто време на добро аргументираната и култивираната дебата, КДП успеа без премногу надменост да создаде круг на култивирани читатели кои ја проширија својата концепција и надвор од „џунглата“ на секојдневни информации, што во оние хемисфери на рецептирање што бараат култивиран читател и кои знаат да разликуваат што е објективна реалност, или како што се нарекува во деонтолошкото новинарство, од хиперпродукција на полу-информации што дополнително го збунуваат читателот во исчекувањата да се долови политичката, економската, социјалната и културната динамика.

Сега веќе КДП  е во друга фаза на консолидација и денес започнува со друга новинарска содржина, за која веруваме дека длабоко му одговараат на оваа почетна мисија на отворени и професионални медиуми. КДП сега ќе ја прошири својата медиумска матрица со детални анализи, интервјуа и друг третман на проблемите во Северна Македонија. Преку овие нови содржини КДП ќе го вгради својот уреднички концепт, култивирајќи компетентно, аргументирано и темелно засновано мислење за принципите на професионалното новинарство.

КДП има цел да отвори дебата за многу прашања што влијаат врз животот на граѓаните, за многу теми и прашања од витално значење за европската иднина на сите граѓани. ПСЦ ќе биде една агора на отворен дијалог, толерантно размислување и континуирано култивирање на професионален и плуралистички пристап. КДП во својот нов формат на медиуми има за цел да биде вектор на парадигматско размислување во политичкото, социјалното и културното рамниште.

Преку својата нова аналитичка содржина, КДП ќе култивира современ концепт на новинарството, што не подразбира пасивно гледање на настаните и развојот, особено во албанскиот јазик, но во рамките на својот концепт ќе инкорпорира фактографијата како суштина на новинарството и толкувањата што произлегуваат токму над оваа суштина.

КДП исто така ќе култивира значајна содржинска интеракција со македонскиот јазичен простор, преведувајќи пикантни текстови и објавувајќи ги во издание на македонски јазик, со цел на промовирање на автентично читање и давање простор за политички и интеркултурален дијалог. Најпикантните написи ќе бидат објавени и на англиски јазик, со кои исто така се отвара една друга значајна димензија на нашиот едиторијален концепт.

Ние сме длабоко убедени дека со овој надграден уреднички концепт, КДП ќе отвори уште еден хоризонт на новинарски третмани што ќе придонесе за подлабоко разбирање на политичките и социјалните реалности, но во исто време и стимулирање на суштинска дебата за општиот развој во Северна Македонија, но и пошироко во регионот и во Европа. Ве покануваме заедно да го направиме овој пат со многу предизвици, овој пат на професионално новинарство и непрекината демократска дебата за сите теми поврзани со европската судбина на сите граѓани.

Subscribe to our e-mail list and stay up-to-date with all our news.


B-IRC © 2024. All Rights Reserved. 
 Privacy Policy

to top