МЕДИУМИТЕ ЗА ЕУ: ПРИКАЗНАТА ЗА ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА
Како медиумите ја раскажуваат приказната за европската интеграција? Дали граѓаните добиваат доволно информации за процесот што ја обликува иднината на Северна Македонија?
Во документарецот „Медиумите за ЕУ: Приказната за европската интеграција“, во продукција на БИРС, ќе слушнете ставови на новинари, експерти и претставници на граѓанското општество за улогата на медиумите во процесот на европската интеграција, предизвиците на известувањето, борбата против дезинформациите и значењето на професионалното новинарство.
Документарецот ги следи искуствата од проектот „Медиумите за ЕУ“, реализиран од БИРС во партнерство со Евротинк и АЛДА, со поддршка на Европската Унија.
Погледнете го документарецот и дознајте зошто европската интеграција не е само политички процес, туку и процес на информирање, транспарентност и активно учество на граѓаните.
