ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ: ЗАБОРАВЕНИ ОД ДРЖАВАТА, НЕВИДЛИВИ ЗА ОПШТЕСТВОТО (ВИДЕО)

Децата со посебни потреби не го добиваат потребното внимание од страна на институциите. Оваа празнина се обидуваат да ја пополнат невладините организации, но сепак и тоа се смета за недоволно.

 

Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје објави дека има околу 22.000 деца со посебни потреби во Македонија. Претставниците на оваа канцеларија истакнаа дека многу од овие деца не одат на училиште, додека голем број од нив, особено во руралните средини, остануваат невидливи и не можат да ги користат детските права. Вклучувањето на децата со посебни потреби еднакво во општествениот живот веќе се алармира од многу организации кои промовираат нов институционален пристап.

 

Вклучувањето на децата со посебни потреби  во училишните институции, останува вистински предизвик. Најосновните услови за нив, особено пристапот до нив, бара дополнителен ангажман и посветеност. Во рамките на училишниот систем постојат специјални класи за ученици со посебни потреби. Исто така, се реализирани многу проекти за нивно вклучување во различни активности.

 

Веќе во хоризонт се гледа една друга чуститвелност за децата со посебни потреби. Се чини дека еден сеопфатен пристап овозможува да се чувствуваат рамноправни во општеството. Постојат десетици проекти кои ги промовираат нивните права, додека институционално се прават напори да тиe станат дел од заедничкиот живот. Сеуште има многу работа што треба да се направи, но вреди да се вложи напор.

 

ЦЕЛОТО ИСТРАЖУВАЊЕ И ДЕБАТА НА ОВА ТЕМА, ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ПОДОЛЕ!

https://youtu.be/FyBIRFwhG8w

 

Проектот е поддржан од ЦИВИКА МОБИЛИТАС:

„Содржината на оваа истражувачка сторија е единствена одговорност на Балкански институ за регионална соработка (БИРС) и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат“.

Subscribe to our e-mail list and stay up-to-date with all our news.


B-IRC © 2024. All Rights Reserved. 
 Privacy Policy

to top