НУРЕДИНИ ЗА КДП: ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НЕ ПОЗНАВА ПОЛИТИКА, КАКО ШТО НЕ ПОЗНАВА ГРАНИЦИ

Во ексклузивно интервју за BIRC/KDP, министерот за Животна средина и просторно планирање, Насер Нуреди зборува за многу прашања поврзани со заштитата на животната средина, институционалната соработка помеѓу централната и локалната власт, но и европските инвестиции во насока на афирмација и имплементација на зелената агенда за Западен Балкан што значи усогласување на стандардите со земјите-членки на ЕУ.

Отстранувањето од употреба на пластичните кеси Нуредини го гледа како можност да се отстрани штетната пластика од животот на луѓето, притоа истакнувајќи дека идејата не е да се земе од џебот на граѓаните.

„Остранувањето од употребата на пластични кеси има за цел да ја намали употребата на пластика во нашите животи, каде што можеме нормално. Кога зборуваме за ова, кога одиме кај продавачите во супермаркет или на друго место, имаме друга можност како да ги носиме производите што ги купуваме. Во овој случај, пластичните кеси може да се заменат со различни текстилни торби, кои можат да се користат многу повеќе пати. Има многу употреба на пластика во нашите животи и тоа може да се замени бидејќи пластиката кога се таложи, навлегува во земјата и вода и тоа завршува во храната што ја добиваме од нашите полиња. Значи, идејата не е собирање средства, ние како институција ќе бидеме задоволни доколку не се соберат средствата“, нагласува Нуредини.

Според него, идејата не е да се земе од џебот на граѓаните, туку начинот на кој ќе ги купуваме производите, така што идејата е да одиме со торба што повторно ќе ја користиме. Во ова интервју, Нуредини ја нагласува работата што се во тек во однос на заштитата на животната средина, притоа најавувајќи дека следуваат некои инвестициски проекти кои ќе овозможат многу поголема посветеност на животната средина.

„Заштитените подрачја кај нас ги зголемивме од 8.9 отсто на над 13 отсто. Во таа насока е и прогласувањето за национален парк на Шар планина. Идејата е да се прогласат заштитени подрачја, да се користат одржливо за локален и меѓународен туризам. Сигурно ни претстои многу работа за да ги исполниме стандардите на земјите кои се членки на Европската Унија. И тука имаме разлика, го имаме зелениот договор за Европа и зелената агенда за Западен Балкан. „Имаме разлика на ова насока, но сакаме чекор по чекор да ги достигнеме тие стандарди“, нагласува Нуредини.

Тој нагласува дека веќе се донесени неколку закони кои создаваат солидна рамка за инвестирање и за решенија, особено за проблемот со отпадот низ државата.

„Во иднина ќе имаме инвестиции во животната средина. За кратко време ќе го започнеме проектот за фекалната канализација во Скопје, Тетово и Битола. Што се однесува до отпадот, во Собранието донесовме шест закони за да го решиме проблемот со отпадот“, рече Нуредини. Според него, Владата ќе инвестира во санација на „Русино“, ќе инвестира во „Русино“ за да има меѓународни стандарди. „Второ, да се изградат претоварни станици за отпад во различни општини, на пример во Полошкиот регион, како и во Југозападниот регион заедно со Пелагонија, додека југоисточниот регион ќе се приклучи на Вардар. Ќе има централна депонија и претоварни станици. „Со овие средства ќе ги снабдиме нашите општини со основна инфраструктура и потоа одговорноста ќе биде на општините“, нагласува тој.

Нуредин е за кооперативен пристап, притоа нагласувајќи дека институцијата што ја води останува транспарентна и отворена за соработка.

„Не велам дека тоа е одговорност на локалната власт или централната власт, тоа е одговорност на секоја. Ние сме избрани од граѓаните да ја извршуваме нашата должност. Решението за проблемот со отпадот е на секој. Сум бил транспарентен и отворен за заеднички решенија, без разлика каква политичка боја имаме како членови на функцијата. Животната средина не познава политика, како што не познава граници“, нагласува Нуредини.

Инвестициите од фондот од 9 милијарди евра што ги најави и адресираше ЕУ како дел од зелената агенда за Западен Балкан, тој ги гледа како можност да се натпреварува со проекти и да ги спроведе еколошките барања кои се вклучени во Поглавјето 27 од преговорите со ЕУ.

„Треба да и бидеме благодарни на ЕУ што обезбеди финансиски можности за решавање на нашите проблеми. Во меѓувреме, сите треба да бидеме свесни дека поглавјето 27, што значи животна средина во ЕУ, ќе се имплементира пред да влеземе во ЕУ, така што во текот на преговорите ќе се спроведуваат. Има различни проекти, зборуваме за третман на отпадни води, отпад, заштитени подрачја и разни теми како што е енергија и обновливи извори на енергија. Нормално треба да се усогласиме со оваа агенда ако сакаме да станеме членка на ЕУ, но оваа агенда значи и дека ќе го зголемиме животниот стандард во нашата земја.

Во ова интервју Нуредини вели дека институцијата што ја води не прави разлика која општина која политичка партија ја води, напротив 100 отсто остануваат посветени на граѓаните.

„Како институција не гледаме каква политичка боја ја води општината, локалната власт, ние како институција сме 100 отсто за нашите граѓани“, вели Нуредини.

Subscribe to our e-mail list and stay up-to-date with all our news.


B-IRC © 2024. All Rights Reserved. 
 Privacy Policy

to top