МЕДИУМИ И ДЕМОКРТИЗАЦИЈА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН: КОНФЕРЕНЦИЈА И МОЖНОСТ ЗА ТРЕНИНГ ВО СКОПЈЕ

На 7 ноевмри (четврток), со почеток во 10.00 часот во Хотел „Карпош“ во Скопје ќе се одржи конференцијата со наслов „Медиуми и демократизација на Западен Балкан: дали ги постигнуваме нашите цели?“, организирана од Косовски институт за медиуми и комуникација од Косово и Балкански институт за регионална соработка (БИРС) од С.Македонија.

Новинари и медиумски работници од земјите на Западен Балкан ќе дебатираат за професионалноста, одговорноста и почитувањето на етичките правила во новинарството, со посебен осврт на темите за етничките заедници.

Исто така, темата за слободата на изразување и исполнивањето на критериумите на Европската унија ќе бидат во фокусот на дискусиите.

Во вториот дел од конференцијата ќе се одржува работилница за млади новинари на теми „Клевета и автоцензура“ и „Слободата на медиумите и интеграцијата во ЕУ“. Сите заинтересирани да учествуваат на работилницата треба да пратат писмо до организаторите на конференцијата:

Лица за контакт: Катерина Топалова – [email protected]

                          Лорик Идризи – [email protected]

 

Subscribe to our e-mail list and stay up-to-date with all our news.


B-IRC © 2024. All Rights Reserved. 
 Privacy Policy

to top