ПРЕТСТАВНИЦИ НА ИНСТИТУТОТ БИРЦ ВО СТУДИСКА ПОСЕТА НА БЕРЛИН

0
1225

DCAF и Stiftung Neue Verantwortung (SNV) коорганизираа работна посета на Берлин, одржана од 5-7 септември, за претставници на граѓанското општество (ГО) и медиумите од Северна Македонија, заедно со член на персоналот од Парламентот на Северна Македонија. На оваа работна посета присуствуваа и претставниците на Институтот БИРЦ – Џелал Незири, претседател и Лорик Идризи, програмски директор.

Работната посета го зголеми знаењето и разбирањето на учесниците за улогата на ГО/медиумите во демократскиот надзор на разузнавачкиот сектор преку размена на искуства со нивните германски колеги.

Програмата вклучуваше посета на германскиот Парламент и средба со претседателот на Комитетот за разузнавање, како и посета на Gesellschaft für Freiheitsrechte e.V. (ГФФ). Покрај фасилитаторите од SNV, учесниците учеа од говорници кои ги претставуваат другите германски граѓански организации/медиумски организации, вклучувајќи ги GFF и netzpolitik.org, како и новинари.

Работната посета е дел од Програмата за реформи на разузнавачкиот и безбедносниот сектор на DCAF во Северна Македонија, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, Холандија и Сида.

SHARE
Previous articleЗАГРИЖУВАЧКИОТ ТРЕНД НА НАМАЛЕН КРЕДИБИЛИТЕТ КАЈ ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Балкански институт за регионална соработка – BIRC е невладина и непартиска, целосно независна во своето работење, со седиште во Тетово. Организацијата е посветена на промоција и практикување на квалитетното новинарство и научните истражувања во остварување на своите цели за општество со демократските вредности, транспарентни институции, функционална демократија и за создавање на регион на соработка и просперитет. BIRC е составена од докажани експерти од сферата на новинарството и науката.