ПРОЕКТИ

  1. ШАР ПЛАНИНА-ПОСЛЕДНА БРАНА ПРОТИВ ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА

БИРC актуелно го спроведува проектот за подигнување на свеста кај локалните жители за заштита на природните вредности на Шар Планина.  Овој проект е финансиран од програмата Цивика мобилитас во вредност од 1.800.000 денари и ќе трае 18 месеци. За време на овој проект ќе бидат реализирани повеќе активности: карАваните со граѓани, документарни филмови, истражувања, интервјуа и завршна конференција Темите вклучени во оваа акција се однесуваат на идејата за зачувување на Шар Планина како природно богатство. Главна тема ќе биде екологија, а со ова ќе се поврзуваат и други теми како што се граѓанската вклученост, транспарентност и ефикасност на институциите, јавна свест и соработка помеѓу институциите и цивилното општество. Генерално тематски ќе се толкува подигнување на свеста кај локалното население и во јавноста за заштита на природните ресурси.. Главната цел на проектот е да се подигне свеста на граѓаните за потребата од зачувување на Шар Планина како природен ресурс за одржување рамнотежа низ целиот екосистем во Република Македонија и подигнување на свеста кај локалното население како и вклучување на повеќето институционални и општествени чинители за зачувување на природната рамнотежа на Шар Планина, со посебен осврт на нејзината заштита од штети предизвикани од човечки фактор.

 

 

 

civicamobilitas.mk 

Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) заподдршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија да бидат поттикнати одсилен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, што резултира сопотранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивно управување како на централно,така и на локално ниво.

Кординатор на проектот : Лорик Идризи

Е-маил: [email protected] 

 

2. ПОТТИКНУВАЊЕ НА ЈАВНАТА ДЕБАТА КАЈ МЛАДИТЕ АЛБАНЦИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Проектот подржан од НЕД се состои од две димензии: првата е обука и вработување на нова генерација млади новинари, додека втората е зајакнување на КДП како портал преку ангажман на професионалци од областа на новинарството како и обучени новинари во рамките на проектот.