ЗА НАС
Балканскиот институт за регионална соработка – БИРЦ е невладина и непартиска организација, целосно независна во своето работење, со седиште во Тетово.
Организацијата е посветена на промоција и практикување на квалитативно новинарство и научно истражување во остварувањето на своите цели за општество со демократски вредности, за транспарентни институции, за функционална демократија и за прогресивна држава и кооперативен регион.
Институтот БИРЦ вклучува докажани експерти од областа на аналитичкото новинарство, наукатата и цивилниот активизам од сите земји на Балканот и пошироко.
ВИЗИЈА
Визијата на Институтот БИРЦ е да изгради модерна држава со функционална демократија, каде на секој поединец ќе му се гарантира слободата на говорот, движењето и другите политички слободи. Оваа визија значи општество со добро владеење, со транспарентни и одговорни институции, со слободни и плурални медиуми, со активно и консолидирано граѓанско општество и држава со бескомпромисно функционирање на правната држава.
Визијата на Институтот БИРЦ е да изгради слободно, толерантно, еднакво општество кое работи целосно врз демократски принципи. Визијата на Институтот БИРЦ е да поттикне постојан институционален и социјален дијалог со цел промовирање и интернализирање на демократските вредности и стандарди во земјата и воопшто во регионот.
Визијата на Институтот БИРЦ е да изгради заеднички прогресивни вредности на регионално ниво, преку градење мостови на соработка помеѓу сите фактори кои ги прифаќаат тие вредности.
Институтот BIRC има за цел да изгради мостови на соработка помеѓу новинарите/медиумите, академијата/експертите и актерите на граѓанското општество од различни области и земји на Балканот.
МИСИЈА
За реализација на својата визија, Институтот БИРЦ ќе се посвети на промовирање и имплементирање на парадигмата на квалитативно новинарство како и научно истражување на општествениот и јавниот простор.
Професионалната позадина на експертите на Институтот БИРЦ се состои од искусни новинари, професори истражувачи и активисти од граѓанскиот сектор. Затоа, нашиот пристап во справувањето со појавите е вклучување на триаголникот граѓански сектор – академија – медиуми со цел да се изнајдат најадекватни одговори на проблемите со кои се соочува општеството.
Институтот БИРЦ ќе го примени знаењето, искуството и најдобрите практики од типовите што го сочинуваат квалитативното новинарство во областа на демократијата и развојот на медиумите. Во таа насока, Институтот БИРЦ со длабока професионална одговорност го афирмира концептот на тинк-тенк во справувањето и изнаоѓањето решенија за одредени институционални и општествени проблеми.
Научното истражување претставува еден од најважните столбови на мисијата на Институтот БИРЦ, кој ќе се користи за давање проверени одговори на сите општествени појави кои ќе бидат оценети како од општ јавен интерес.
Мисијата на Институтот БИРЦ е да создаде широка средина за соработка на национално и регионално ниво за промовирање на отворен дијалог, со сите организации и други општествени фактори кои се посветени на демократските вредности.
Културното знаење, поттикнувањето на меѓукултурниот дијалог, исто така, останува важна димензија во мисијата и целите на организацијата.