ИЗВЕШТАЈ: СИТУАЦИЈАТА СО ОНЛАЈН МЕДИУМИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Општата состојба на порталите е карактеризирана со отсуство на професионален
пристап во нивното функционирање. Овој дефект се одразува во скоро сите
содржини кои ги произведуваат овие нови медиуми.
За мала нијанса се разликуваат преземените новинарски содржини од други
медиуми, кои најчесто се објавуваат без ниту една промена.
Кај оригиналните содржини се приметува отсуство на авторство и на различни извори.
Воглавно вестите се соопштенија на политички партии, на институции, со еден извор и
без присуство на другата страна.
Кај добар дел од порталите се забележува отсуство на транспаретност, при што не
се знае кој е сопственик на медиумот и кои ја сочинуваат редакцијата која продуцира
новинарски содржини.
Присуството на лажни вести, на говорот на омраза и дискриминација кон
маргинализираните групи е дополнителна девијација од професионалните стандарди
и етика во новинарството.
Само кај еден од вкупно четиринаесет (14) онлајн-медиуми кои се мониторирани
е евидентирана содржина со потпишан автор од страна на новинарот, додека
кај останатиот дел текстовите се објавуваат непотпишани и без преземање на
одговорност од страна на авторот. Како практика при работата на порталите се
приметува објавување на непотпишани текстови и кога се работи на оригинални или
ексклузивни содржини.
Кај поголем дел од порталите се забележува истакнат негативен пристап кој е
заснован врз уредувачки концепт составен од партиска пристрасност и едностраност.
Во нивните содржини отсуствува политичкиот плурализам, како клучен елемент од
професионалното избалансирно и кредибилно информирање.
Генерално се појавува една недоволно структурирана медиумска реалност, каде
често недостасуваат темелните принципи на новинарството, кои подразбираат
објективно информирање, професионално известување и функционирање согласно
професионалната етика.
Нијансите на уредувачката политика, односно на контекстуализирање на
новинарските содржини во прилог на една или против друга политичка партија е еден
присутен дефект кој е евидентиран во неколку од набљудуваните онлајн-медиуми.
Општо земено, концептите на уредувачката политика на порталите се сиромашни и
не се протегаат до реалните новинарски содржини кои обработуваат теми од општ
интерес. Повеќето од темите се третираат површински, без навлегување подлабоко
во проблематиката која се обработува.
Генерално, порталите имаат еден голем недостаток, а тоа е отсуство на посуштинска
интеракција со невладините организации или цивилниот сектор, како и со други
актери од јавниот живот.
Партиската оптика, фрагментарноста, појавата „copy – pastе“, површинското
информирање, отсуството на различни извори, нетранспаретноста и недоволната
професионална подготвеност создава една бледа слика за онлајн-медиумите, која

ЦЕЛИОТ ИЗВЕШТАЈ Е ДОСТАПЕН ТУКА!

Subscribe to our e-mail list and stay up-to-date with all our news.


B-IRC © 2024. All Rights Reserved. 
 Privacy Policy

to top