НЕЗИРИ – НОВ ЧЛЕН НА ЕКСПЕРТСКАТА МРЕЖА НА ГИ

Претседателот на Институтот БИРС, Џелал Незири, е најновиот член на експертската мрежа на меѓународната организација Глобална иницијатива (ГИ) со седиште во Женева, Швајцарија и Виена, Австрија.
Незири има долгогодишно искуство во областа на истражувачкото и аналитичкото новинарство, а е при крајана докторските студии по политички науки.
Над 600-те членови на мрежата ГИ вклучуваат истакнати практичари за спроведување на зазаконот, управување и развој, кои се посветени на барање нови и иновативни стратегии и одговори на организираниот криминал.
Глобалната иницијатива е родена од серија неформални дискусии на високо ниво меѓу службениците за спроведување на законот првенствено (иако не исклучиво) од развиените и земјите во развој во Њујорк во 2011 година.
Резултатот беше создавањето на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (GI-TOC), која обезбедува платформа за промовирање поголема дебата и иновативни пристапи, кои служат како градежни блокови за сеопфатна глобална стратегија против организираниот криминал.