ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТИ
БАЛКАНСКИ ИНСТИТУТ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА (БИРС)
ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТИ
Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС), во рамките на проектот „Гласови на еднаквост – Демократија за сите“, финансиран преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, ги поканува заинтересираните експерти да се пријават за позициите:
- Новинар (1)
- Експерт за медиумски анализи (1)
- Предмет на повикот
Предмет на овој повик е избор на двајца експерти подготовка на медиумски содржини за застапеноста на жените, младите и помалите етнички заедници во локалната власт во Полошкиот регион.
- Опис на ангажманот
Избраните експерти ќе бидат задолжени да:
Експерт 1 – Новинар:
- ќе ги следи активностите на проектот;
- ќе подготвува текстови, интервјуа и извештаи од дебатите;
- ќе обезбеди медиумска презентација на резултатите од проектот.
Експерт 2 – Експерт за анализа на медиумско покривање:
- ќе изврши анализа на медиумското покривање поврзано со темата на проектот;
- ќе подготви анализа која ќе послужи како аргументирана основа за вклучување на медиумите во дебатите;
- ќе придонесе кон формулирање на политички препораки.
- Квалификации
Понудувачите треба да има:
- најмалку високо образование или при крај на општествени студии
- искуството е предност, но може да се пријават и почетници
- познавање на Ворд, Ексел, ПоверПоинт, Интернет и Инфографика
- способност за работа во екипа
- Потребни квалификации
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- завршено високо образование или при крај на студии по општествени науки
- Основно познавање на јавните политики, демократијата, локалната самоуправа, човековите права или сродни области
- Основни познавања за подготовка на аналитички извештаи, истражувања или медиумски содржини
- Основни аналитички и писмени вештини
- познавање на изборниот систем и локалната самоуправа во Република Северна Македонија ќе се смета за предност
- Потребна документација
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- биографија (CV)
- кратко мотивациско писмо
- листа на релевантни публикации (доколку ги има)
- Начин на избор
Изборот ќе го спроведе комисија формирана од БИРС, врз основа на:
- релевантно образование;
- професионално искуство;
- мотивација за работа;
Постапката ќе се спроведе согласно принципите на транспарентност, еднаков третман и недискриминација, во согласност со правилата за спроведување на грантот.
- Времетраење на ангажманот
Ангажманот ќе трае до 9 месеци, согласно договорената динамика со проектниот тим.
- Начин на пријавување
Документите треба да се достават пошта на адреса:
Address 1: Str. Ilindenska 335, SEE University No.202.01/1, 1200, Tetovo, Republic of North Macedonia
со назнака:
„Апликација – Експерт за новинарство или медиумски содржини“
или преку директна достава до канцелариите на БИРС.
- Рок за пријавување
Крајниот рок за доставување на апликациите е 10 календарски дена од денот на објавувањето на огласот, до 16:00 часот.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.
