ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТИ

БАЛКАНСКИ ИНСТИТУТ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА (БИРС)

 

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТИ

 

Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС), во рамките на проектот „Гласови на еднаквост – Демократија за сите“, финансиран преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, ги поканува заинтересираните експерти да се пријават за позициите:

  • Новинар (1)
  • Експерт за медиумски анализи (1)
  1. Предмет на повикот

Предмет на овој повик е избор на двајца експерти подготовка на медиумски содржини за застапеноста на жените, младите и помалите етнички заедници во локалната власт во Полошкиот регион.

  1. Опис на ангажманот

Избраните експерти ќе бидат задолжени да:

Експерт 1 – Новинар:

  • ќе ги следи активностите на проектот;
  • ќе подготвува текстови, интервјуа и извештаи од дебатите;
  • ќе обезбеди медиумска презентација на резултатите од проектот.

Експерт 2 – Експерт за анализа на медиумско покривање:

  • ќе изврши анализа на медиумското покривање поврзано со темата на проектот;
  • ќе подготви анализа која ќе послужи како аргументирана основа за вклучување на медиумите во дебатите;
  • ќе придонесе кон формулирање на политички препораки.
  1. Квалификации

Понудувачите треба да има:

  • најмалку високо образование или при крај на општествени студии
  • искуството е предност, но може да се пријават и почетници
  • познавање на Ворд, Ексел, ПоверПоинт, Интернет и Инфографика
  • способност за работа во екипа
  1. Потребни квалификации

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • завршено високо образование или при крај на студии по општествени науки
  • Основно познавање на јавните политики, демократијата, локалната самоуправа, човековите права или сродни области
  • Основни познавања за подготовка на аналитички извештаи, истражувања или медиумски содржини
  • Основни аналитички и писмени вештини
  • познавање на изборниот систем и локалната самоуправа во Република Северна Македонија ќе се смета за предност
  1. Потребна документација

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • биографија (CV)
  • кратко мотивациско писмо
  • листа на релевантни публикации (доколку ги има)
  1. Начин на избор

Изборот ќе го спроведе комисија формирана од БИРС, врз основа на:

  • релевантно образование;
  • професионално искуство;
  • мотивација за работа;

Постапката ќе се спроведе согласно принципите на транспарентност, еднаков третман и недискриминација, во согласност со правилата за спроведување на грантот.

  1. Времетраење на ангажманот

Ангажманот ќе трае до 9 месеци, согласно договорената динамика со проектниот тим.

  1. Начин на пријавување

Документите треба да се достават пошта на адреса:

Address 1: Str. Ilindenska 335, SEE University No.202.01/1, 1200, Tetovo, Republic of North Macedonia

со назнака:

„Апликација – Експерт за новинарство или медиумски содржини“

или преку директна достава до канцелариите на БИРС.

  1. Рок за пријавување

Крајниот рок за доставување на апликациите е 10 календарски дена од денот на објавувањето на огласот, до 16:00 часот.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.

to top