Енис Шаќири

Новинар / Истражувач

Brief info

Енис Шаќири е новинар и истражувач во областа на истражувачкото новинарство и анализата на политики. Моментално работи во Институтот BIRC и порталот KDP.MK, каде објавува истражувачки текстови и подлабоки анализи за надворешни влијанија, регионална безбедност и јавни прашања.
Кариерата ја започнал веднаш по завршувањето на додипломски студии по „Меѓународна комуникација“ на Универзитетот на Југоисточна Европа (2021), по што развил портфолио со текстови и новинарски извештаи објавени во различни медиуми.

Работел и како дописник за албанската редакција на Радио Слободна Европа, известувајќи за настани од земјата и регионот, како и подготвувајќи прилози и интервјуа од Скопје за Приштина. Неговите текстови и истражувања се објавени, меѓу другото, во Радио Слободна Европа, KDP.MK, Институтот BIRC, Portalb, како и во други регионални медиуми.

Има учествувано на повеќе професионални обуки во областа на истражувачкото новинарство, односите со јавноста и проверката на факти, одржани во земјите од Западен Балкан и во други европски држави.

Постдипломските студии по Меѓународна комуникација му обезбедиле теоретска и методолошка основа за неговите анализи; преку содржините што ги подготвува, тој се стреми да понуди извештаи засновани на факти и анализи кои придонесуваат за јавната дебата и за унапредување на новинарските стандарди.

Add Comment

to top