Бардул Заими

Извршен директор

Brief info

Бардил Заими има работено како новинар и културен уредник во различни печатени и телевизиски медиуми. Бил новинар и уредник на два неделни весници на албански јазик „Епока“ и „Национал“ и главен уредник на месечното списание за култура „Прокултура“. Соработувал со многу културни списанија, а бил и главен уредник на националната ТВ „ТВ-Алб“. Бил и уредник за култура во МТВ2 - редакција на албански јазик.

Неговото книжевно творештво се протега во период од речиси 25 години. Објавен е во различни културни и литературни списанија во земјата и странство. Во 2004 година ја објавува својата прва книга есеи со насловФуга на зборови“, додека во 2008 година ја објавува втората книга есеиЕсенски виолини“.

Во 2017 година ја објави својата книга песни и раскази со насловРакописи од воздухот“. Исто така во 2018 година ја објави студиската книгаПарадигма на критиката на Кутел“. Во 2020 година ја објави книгата есеиНезавршени дискурси“, додека во 2021 година ја објави книгата есеиБритма па зез“.

Заими е дел од многу дебати за културниот и литературниот живот, а продолжува да објавува есеи, книжевна критика и поезија во медиумите во земјата и регионот. Бил дел од многу научни истражувања и составувач на прирачници од областа на новинарството

Add Comment

Subscribe to our e-mail list and stay up-to-date with all our news.


B-IRC © 2024. All Rights Reserved. 
 Privacy Policy

to top